По 5 децении на сцената од прилепскиот народен театар, повторно се игра претстава од Шекспир - „Многу врева за ништо“ во адаптација и режија на белградската режисерка, Ива Милошевиќ. Прилепскиот ансамбл успеа да подготви претстава која со режисерската визура на Милошевиќ е сместена во современ контекст, и која на еден духовит начин ја обработува вечната дилема за љубовта, да се сака безрезервно или да се храни егото, суетата, персоната.
Актерската деветчлена екипа синхронизирано и ангажирано го доловува светот на современиот човек исплетен со љубовни заплети и расплети. Лајт мотивот во драмата бил предизвикот за српската режисерка да ја прифати поканата и во прилепскиот театар да го режира својот шекспировски првенец.
„Она што мене ме интересираше во оваа претстава која мислам дека е една слатко-кисела комедија, а можеби дури има и мрачни елементи во себе, тоа е поставувањето на прашањето: колку во денешниот свет веруваме во љубовта и дали е циничен односот кон љубовта, што стана доминантна филозофија на современиот човек“, изјави режисерката Милошевиќ.
Ансамблот со една изразена леснотија, шарм, топлина и енергија ја прават претставата, оставајќи силна импресија, дека не актерот поединец, туку колективната целина во чии рамки, актерот ја толкува својата ролја се носечки во овој уметнички проект. Нивниот ангажман „сега и овде“ никого не остава рамнодушен.
„Претставата ја работевме месец и половина со дупли проби, значи тоа некаде би дошло околу 2,5-3 месеци“, вели Андон Јованоски.
„Многу е добро кога не влегуваш внатре со никакво оптоварување, туку растоварен, знаеш дека посебно е Шекспир, текст од раната негова фаза, којшто е пред сè за почеток, за нас одличен“, вели Александар Степанулески.
„Мојот лик е на права женски лик, кој бара љубов, а покрај тоа тој да биде, ако може да се каже така, фин господин, културен интелектуалец и богат“, вели Наташа Наумоска.
Не трагично, туку многу оптимистички, весело со победа на љубовта, завршува оваа прекрасна современа адаптација на Вилијам Шекспир. „Многу врева за ништо“ ја пренесува експлицитно пораката до младата генерација дека љубовта мора, треба да се негува, зашто таа е жилава билка и никнува, таму и тогаш кога најмалку се очекува.
Она што мене ме интересираше во оваа претстава која мислам дека е една слатко-кисела комедија, а можеби дури има и мрачни елементи во себе, тоа е поставувањето на прашањето: колку во денешниот свет веруваме во љубовта и дали е циничен односот кон љубовта, што стана доминантна филозофија на современиот човек.Ива Милошевиќ, режисерка.