Мислам дека имате некои предизвици кога се зборува за интеграцијата во оваа држава, пред и по законот за бранители и затоа зборувам за нив, рече високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек.
Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Кнут Волебек, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје, изјави дека Македонија се соочува со предизвици кога се работи за внатрешната интеграција, во контекст за предложениот закон за бранители.
Одговарајќи на новинарско прашање како ги оценува меѓуетничките односи во Македонија, особено по разликите меѓу владините коалициски партнери за предлог-законот за бранители, Волебек рече дека кога има различни перцепции за историјата, културата или традицијата, тогаш има проблем кај заедниците да се создаде припадност кон државата и општеството.
„Мислам дека имате некои предизвици кога се зборува за интеграцијата во оваа држава, пред и по законот и затоа и зборувам за нив. Тоа има врска со историјата, има врска со етничкиот состав и тоа е предизвик. Јас сум загрижен што луѓето живеат во паралелни општества. Тоа е факт тука, но исто така е факт и во други држави и сме виделе дека ако нема соработка, ако не се запознавате, ако има различни перцепции за историјата, за географијата, културата, традицијата, тогаш има проблем да се создаде припадност кон државата и општеството. Ние треба да имаме поинаква култура, но треба да можеме да соработуваме и ова во вашата ситуација е голем предизвик и јас го разбирам тоа и затоа сум среќен што владата ја прифати стратегијата за интегрирано образование, сега останува да се имплементира, сè уште не е целосно имплементирана“, рече Волебек.
Според него, почитувањето на малцинските права е предизвик на многу земји и оти интегрираното образование е главно за да се зголеми разбирањето меѓу заедниците.
„Ако немате интегриран образовен систем, ако имате систем каде што децата учат во етнички сегрегирани или одвоени училишта, тоа ќе стане долгорочен проблем. Мораме да најдеме начини да учиме исти нешта кога се работи за историјата, за географијата, културата... Тоа не значи дека јас треба да се откажам од мојата култура, но мора да го разберам остатокот од општеството и тоа е предизвик“, рече Волебек.
Од кабинетот на министерот Попоски, соопштија дека на средбата било разговарано за обврските на владата од Рамковниот договор, вклучувајќи ја и правичната застапеност на етничките заедници.
„Беа разменети мислења и за имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование, што се очекува да придонесе до зголемена интеракција на учениците од различни етнички заедници во образовниот процес. Беше разговарано и за мерките што се преземаат со цел подобрување на положбата на помалите етнички заедници, со посебен акцент на Ромската заедница“, се наведува во соопштението од МНР.
Волебек денеска се сретна и со министерот за одбрана Фатмир Бесими.
Мислам дека имате некои предизвици кога се зборува за интеграцијата во оваа држава, пред и по законот и затоа и зборувам за нив. Тоа има врска со историјата, има врска со етничкиот состав и тоа е предизвик. Јас сум загрижен што луѓето живеат во паралелни општества.Кнут Волебек, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ.
Одговарајќи на новинарско прашање како ги оценува меѓуетничките односи во Македонија, особено по разликите меѓу владините коалициски партнери за предлог-законот за бранители, Волебек рече дека кога има различни перцепции за историјата, културата или традицијата, тогаш има проблем кај заедниците да се создаде припадност кон државата и општеството.
Мораме да најдеме начини да учиме исти нешта кога се работи за историјата, за географијата, културата... Тоа не значи дека јас треба да се откажам од мојата култура, но мора да го разберам остатокот од општеството и тоа е предизвик.Кнут Волебек, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ.