Против рекетот на Македонската музичка индустрија

Новица Наков, блогер, истакнат член на македонската заедница за слободен софтвер.

Тарифникот на Македонската музичка индустрија ги носи сите одлики на легален рекет, голем дел од плаќањата што музичките индустријалци сакаат да ги изнудат од нас не се дозволени во ЕУ. Ова можеби е шанса тарифникот да биде оспорен уште пред да биде објавен во Службен весник на Република Македонија. Интернету, ова е уште еден повик за акција, пишува блогерот Новица Наков во младинската он лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Тарифникот на Македонската музичка индустрија, изготвен во јули оваа година, а разгласен на Интенет во октомври (1, 2) ги носи сите одлики на легализиран рекет. Тоа што сѐ уште не е на сила, сега за сега, е мала утеха за идните плаќачи – група која го вклучува секое место каде може да се постави касетофон. За среќа, голем дел од плаќањата што музичките индустријалци сакаат да ги изнудат од нас не се дозволени во ЕУ. Ова можеби е шанса тарифникот [pdf] да биде оспорен уште пред да биде објавен во Службен весник на Република Македонија.

Стоматолог кој бесплатно пушта фонограми во неговата приватна стоматолошка ординација не прави „комуникација кон јавноста“ во рамките на значењето на Законот на ЕУ. Според тоа таквото емитување не создава право за надоместок за продуцентите на фонограмите.“
Пресудата за судскиот спор кој се водел во Европскиот суд на правдата (врска C-135/10, Società Consortile Fonografici (SCF) v Marco Del Corso) во кој слично здружение сакало да наплати за музиката пуштана во стоматолошки ординации сумирана е во следниве реченици: „Стоматолог кој бесплатно пушта фонограми во неговата приватна стоматолошка ординација не прави „комуникација кон јавноста“ во рамките на значењето на Законот на ЕУ. Според тоа таквото емитување не создава право за надоместок за продуцентите на фонограмите.“

Во своето соопштение за медиумите [pdf] Европскиот суд на правдата го појаснува концептот за јавност, емитувањето кон (не)одреден број на лица, како и профитната природа на емитувањето, за да заклучи дека пациентите што ја посетуваат стоматолошката ординација се во мал и ограничен број и според тоа не претставуваат „јавност“. Исто така судот образложува дека природата на емитувањето не е профитна, т.е. дека лицата доааѓаат во ординацијата за здравствени услуги, а емитувањето фонограми не е дел од овие услуги. Според тоа, заклучува судот, на продуцентите не им следува надоместок за ваквиот тип на емитување.

Сепак, дали нивната неукост е намерна или не, не е толку важно. Важно е тарифникот во оваква форма да не биде донесен и рекетот да биде спречен. Интернету, ова е уште еден повик за акција.
Оваа одлука на Европскиот суд на правдата е корисна, прониклива и опсежна. Таа всушност ги опфаќа сите бизниси кои ги исполнуваат критериумите за мал број на лица, за емитување кое не е дел од услугата што се нуди таму и емитување кое се слуша случајно без активно учество на лицата што се наоѓаат на локацијата на бизнисот. Според ова, во овие бизниси се вклучени сите кои се наведени во тарифните броеви 8 – 14. Понатаму, со соодветна дополнителна анализа тарифникот можеби може да се исчисти и од други делови кои се спротивно на критериумите кои ги образложува Европскиот суд.

Одлуката на судот е основа на директиви на ЕУ кои пак се во согласност со меѓународното право – договорите TRIPS и WPPT и Римската конвенција. Република Македонија е исто така потписник на овие договори.

Со оглед на тоа дека пресудата на Европскиот суд на правдата е од март 2012 година, а тарифникот на Македонската музичка индустрија од јули 2012 година не е неразумно или чудно да очекуваме дека експертите од музичката и правната сфера што стојат зад тарифникот требало да бидат запознаени со сличните активности што се одвиваат во ЕУ. Сепак, дали нивната неукост е намерна или не, не е толку важно. Важно е тарифникот во оваква форма да не биде донесен и рекетот да биде спречен. Интернету, ова е уште еден повик за акција.