Дали битката за автономијата на универзитетот е веќе изгубена? Во шумот што го создаде првиот академски час на Богословскиот факултет речиси и да не ја забележавме објавата за почеток на проектот за прилагодување на студиските програми на потребите на бизнис секторот. Исто така, без никаква посебна дебата во јавноста е, по сѐ изгледа, вообичаената пракса факултети од УКИМ на своите веб страници покрај известувањата за испити и уписи да објавуваат огласи за работа.
Но, сѐ е добро. На Македонија, земја со долгорочни високи стапки на невработеност, потребно ѝ е да најде некакво решение за спојување на тие што бараат и тие што нудат работа. А и настрана од тоа, реформите се во духот на Болоњскиот процес, кој како и другите потфати во Европа, има за цел да го воедначи и соедини европскиот простор. И сето ова е совршено ќе се вклопуваше во убава приказна, да не постоеше оргомна дебата и критика на универзитетскта Болоња: против претворањето на образованието во потрошувачко добро и неговото разбирање како нешто што треба да ги задоволува економските потреби, против систематското ограничување на автономното учење и независната мисла, и против ставањето на сѐ поголем акцент на присуството на часови како критериум за академско достигнување.
Накратко, се аргументира дека универзитетите се поместуваат од нивното традиционално образование со општествена и хуманитарна улога кон пазарно-ориентиран тренинг. Во суштина, ова значи де-факто укинување на автономијата на универзитетот.
Можеби најстрогата критика на овој процес доаѓа од пишувањето на Славој Жижек. Според него, обидот за хармонизација на европскиот високообразовен систем е напад на „јавното употребување на разумот“. Тој аргументира дека вистинската задача на мислењето се губи кога високото образование се подредува на задачата на решавање на конкретните проблеми на општеството преку производството на експертски мислења. Целта не е само да се најдат решенија за проблемите, туку и да се размислува за природата на проблемите и за нивната суштина.
Преведено за Македонија и нејзините економски проблеми, задачата на универзитетот, покрај снабувањето на соодветно оспособена работна сила, би требало да вклучи и создавање на такви академски граѓани кои ќе можат да размислуваат зошто (на пример) имаме триесет и кусур проценти стапка на невработеност, и воглавно кои се причините за сите долгорочни и натежнати економски (и други) проблеми во земјата. Ниедна компанија не би се грижела дали нејзиниот работник може да размислува за ова и впрочем ако го прави тоа, впуштањето во таков потфат веројатно би било лошо за неговото корпоративно поведение.
Но, можеме ли само со пазарно образование? Тоа е прашањето кое универзитетот треба да го одговори. Краткорочните пазарни желби на бркачите на профит не треба да го диктираат високото образование. Универзитетот ќе ја докаже и покаже својата автономија ако, барем малку, организрано го крене гласот против нивниот налет.

Преведено за Македонија и нејзините економски проблеми, задачата на универзитетот, покрај снабувањето на соодветно оспособена работна сила, би требало да вклучи и создавање на такви академски граѓани кои ќе можат да размислуваат зошто (на пример) имаме триесет и кусур проценти стапка на невработеност, и воглавно кои се причините за сите долгорочни и натежнати економски (и други) проблеми во земјата.