Важно е да се разбере дека јавниот „празен“ простор пред објектите од јавен карактер е од високо значење. Средбите, состаноците, комуникацијата која ја оставаруваат луѓето меѓусебно на отворено е квалитет и треба да се овозможи важно место за да се остварат, пишува студентката по архитектура Македонка Макаровска во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.
Денеска бев на кафе во city mall. Лажам, живеам таму и до денес сум одена повеќе пати. Седиме во Trend и следната слика: Осветлен mall со добро изведени детали, фасада, светла pop design… преубава нова атмосфера... меѓутоа и мало плато за свирење триангл. Не знам дали сте сетиле, меѓутоа помеѓу двата кафичи пред city mall од западна страна има парцела оградена со бетонска ограда во форма на траголник. И тогаш малку испаничив.
Очигледно city mallот не е наменет за состаноци на слепо. Ако се чекате кај mol-lот, каде ќе се чекате? Мислам сигурно нема да се јавам кај дечко што не го знам да го прашам детално да ми објасни што подразбира “пред mall-от”? Состаноците на слепо не се таков медиум. Едноставно, не треба да се комплицира почетната комуникација затоа што можноста дека една од странките нема да се појави е страшно голема.
И да речеме одиш пред mall-от, прво стоиш пред Carrefour – по некоја „логика на гужвата“. Го нема. По „логика на автобуски линии“ чекаш пред влезот меѓу двата папрати. Лажам нема два папрати - тој е влезот кај бината. И после се чекаш по „логика на романтика“ пред најромантичниот влез од источна страна. Stay tuned.
И навидум проста приказна што нема да го загрижи никого освен тие што одат на состаноци на слепо, но не е така. Влезот, партерното уредување и местото за среќавање се и хумана и јавна и парична вредност. Според мене, состаноците на слепо во city mall се страшно ризични заради триаголникот на средината на неизградениот простор на мall-от. На средина на малиот плоштад, токму каде што си замислувам дека се чекаме, пред западниот влез во city mall има триаголна парцела оградена со бетонска ограда обложена со постери со шарени балони. И згора на тоа во сред триаголник паркиран багер. Си реков, воведоа зонско и за багери, „тек сеа шо праиме“.
Кој е крив за триаголникот?
Инвеститорот – Човекот, условно кажано, може да се група граѓани или сл., инвестирал капитал, се брзал, организирал, плански. Во лето за време на сушење на бетонот mall-от беше обложен со бели мокри чаршафи за да не испука – нега на бетон – тоа во Скопје поретко се гледа. Рекордно организирање на работите. За секоја пофалба. Меѓутоа до последен момент триаголникот беше во дилема и избегнат. Де рендери од клупи на местото на триаголникот, де рендери од црква, де кафуле. Ај сеа - ај утре... и не го реши триаголникот, го забетонира... залепи балони и се отвори mall-от. И, утре ако треба да се продаде на друг инвеститор – првото прашање ќе биде: Што е со триаголников? Пари и пари се заробени. Ако некој прави проценка на градбата, нема графа „чекирај – 30 поени ако има тиаголник во сред парцела“, меѓутоа ќе исплива на површина имотниот лист кој јасно ќе го покаже триаголникот.
Проектантот – Друг човек, ако не и 10 души. Прекрасни души. До последен момент навивале да се разреши триаголната ситуација и пред самото отворање ги вовеле балоните, два кафича, светло-темно, полно–празно, натстрешници... Што може да се стори.
Урбанистот планер - или уште „Урбанистот принтер“ можеби имал план на постепено укрупнување на предходните помали и побројни парцели. Доколку имал ваков план, зошто реално постепено не го реализира? Доколку одлучел да го реализира одеднаш, зошто не го реализирал одеднаш? Меѓутоа можно е да се предомислил на пола пат. Решил постепено да се реализира планот, нашол одличен инвеститор и на половина реализација на новиот план - се сменил планот? Комерцијална дејност, паркинг, бројки, проценти, коефициентот на искористеност да се покачи, сака и Принтерот да помогне... меѓутоа навистина е тешко да се постигне хармонија ако мора да принтате црно бело.
Hint: Врска немам кој е нерамен во рамностраниот триаголник и дали воопшто е рамностран триаголник, меѓутоа Ве молам сите страни, решете го триаголникот. Немам два животи да трчам по штикли навака натака. И на крај ако излезе дека е парцела за зонско паркирање за багери, навистина не е во ред.
Важно е да се разбере дека јавниот „празен“ простор пред објектите од јавен карактер е од високо значење. Средбите, состаноците, комуникацијата која ја оставаруваат луѓето меѓусебно на отворено е квалитет и треба да се овозможи важно место за да се остварат. Секоја чест на архитектите за триаголниот потег, затоа што многумина и не ја забележаа парцелата која е очигледно грешка. Меѓутоа првата средба, првиот поглед со симпатично момче, макар и првиот контакт со зграда, е момент за кој треба простор кој е важен и естетски привлечен. На тој начин толпата луѓе која е упатена кон Carrefour се претвора во луѓе кои меѓусебно се среќаваат, а слепите состаноци во романтична прошетка пред мало плоштадче.
Секоја чест на архитектите за триаголниот потег, затоа што многумина и не ја забележаа парцелата која е очигледно грешка. Меѓутоа првата средба, првиот поглед со симпатично момче, макар и првиот контакт со зграда, е момент за кој треба простор кој е важен и естетски привлечен. На тој начин толпата луѓе која е упатена кон Carrefour се претвора во луѓе кои меѓусебно се среќаваат, а слепите состаноци во романтична прошетка пред мало плоштадче.