Претседателот Барак Обама и неговиот предизвикувач од Републиканската партија Мит Ромни се заложија дека ќе го бранат Израел и оти ќе ги преземат сите превентивни мерки со цел Иран да биде оневозможен да употреби нуклеарно оружје. Во Бока Ратон синоќа беше одржана третата и финална дебата пред претседателските избори на 6 ноември.
Надворешната политика беше темата во третата и последна дебата пред американските избори за претседател кои ќе бидат одржани за две недели. За време на 90-минутното соочување во Флорида, Обама го претстави Ромни како некој кој не е подготвен да има водечка улога во САД, додека Ромни порача дека лидерството на Обама ја направило Америка послаба на светската сцена.
Двајцата кандидати се согласија дека 2014 е година на повлекување на странските сили од Авганистан и исто така беа на став дека Америка има проблематични релации со Пакистан.
Обама изјави дека тој има јасна политика, за разлика од Ромни, во врска со Сирија, Иран, Русија и Кина. Според Обама, силните меѓународни санкции кон Иран веќе даваат резултати.
„Прашањето на Иран. Се додека сум јас претседател, Иран нема да направи нуклеарно оружје. Тоа го ставив јасно до знаење кога станав претседател. Направивме силна коалиција, ја осакативме неговата економија. Валутата изгуби 80 насто од вредноста. Производството на нафта е на ниво како од пред 20 години кога војуваа со Ирак. Ова го правиме затоа што Иран е закана за нашата национална безбедност и за националната безбедност на Израел.“
Видео Бока Ратон
Запрашан за Пакистан, Ромни изјави дека признава оти односите се тешки, но дека не треба да има „развод“ меѓу Вашингтон и Исламабад, бидејки распад на Пакистан би бил опасна работа.
„Пакистан е важен за регионот, за светот и за нас, бидејки има 100 нуклеарни боеви глави, а тие произведуваат и нови и во блиска иднина ќе имаат повеќе и од Велика Британија. Таму е Хагани мрежата и талибанците и ако Пакистан се распадне или биде неуспешна држава ќе биде лошо за Авганистан и за нас. Затоа мора да ја поддржуваме земјата да има стабилна влада.“
Обама и Ромни не се согласија околу најголемата закана за безбедноста. За претседателот тоа е тероризмот, а за противкандидатот тоа е иранската нуклеарна програма.
Аналитичарката Стефани Санок од Меѓународната програма за безбедност на Центарот за стратегиски и меѓународни студии во Вашингтон за РСЕ по дебата изјави:
„Тоа што ме погоди е големата можност, двајцата кандидати да зборуваат за пошироката визија за американското лидерство, а тие не го направија тоа и дебата беше „сува“. Јас мислам дека никој не замина од тука со јасна победа.“
Дебата доаѓа во време кога анкетите укажуваат на изедначеност на рејтингот. И Обама и Ромни имаат по 47 насто подршка од гласачкото тело.
Двајцата кандидати се согласија дека 2014 е година на повлекување на странските сили од Авганистан и исто така беа на став дека Америка има проблематични релации со Пакистан.
Обама изјави дека тој има јасна политика, за разлика од Ромни, во врска со Сирија, Иран, Русија и Кина. Според Обама, силните меѓународни санкции кон Иран веќе даваат резултати.
„Прашањето на Иран. Се додека сум јас претседател, Иран нема да направи нуклеарно оружје. Тоа го ставив јасно до знаење кога станав претседател. Направивме силна коалиција, ја осакативме неговата економија. Валутата изгуби 80 насто од вредноста. Производството на нафта е на ниво како од пред 20 години кога војуваа со Ирак. Ова го правиме затоа што Иран е закана за нашата национална безбедност и за националната безбедност на Израел.“
Видео Бока Ратон
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тоа што ме погоди е големата можност, двајцата кандидати да зборуваат за пошироката визија за американското лидерство, а тие не го направија тоа и дебата беше „сува“. Јас мислам дека никој не замина од тука со јасна победа.Стефани Санок, аналитичарка.