Достапни линкови

Обама и Ромни по втор пат


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот противкандидат, републиканецот Мит Ромни за време на нивната втора ТВ дебата, се судрија околу начините за поттикнување на економскиот раст и за американската политика на Блискиот Исток. Експертите не очекуваат драматичен пресврт во рејтингот по оваа дебата.

Обама и Ромни влегоа во жесток дуел околу внатрешнополитички теми, како реформите во пензискиот и здравствениот систем, даноците, заживувањето на економијата, невработеноста и задолженоста на нацијата, но и на надворешно - политички план, како улогата на Кина на глобален план и неодамнешниот напад врз американскиот конзулат во Бенгази во кој загинаа амбасадорот во Либија и тројца други членови на персоналот. Обама го обвини Ромни, кој се збогати како инвеститор, дека работи во интерес на богатите луѓе и нафтената индустрија.

„Гувернерот Ромни вели дека има план од 5 точки. Тој нема таков план. Тој има план само од една точка, а таа е да обезбеди луѓето на врвот да играат според други правила. Тоа е неговата филозофија во приватниот сектор, тоа беше неговата филозофија како гувернер и тоа е истото и како претседателски кандидат.“
Втор предизборен дуел Обама - Ромни
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:17 0:00
Ромни пак го нападна Обама околу економските политики на претседателот.

„Политиките на претседателот во изминативе 4 години не ги вратија Американците на работа. Денеска има помалку луѓе што работат отколку пред тој да стане претседател.“
Јас не мислам дека ќе видиме драматичен пресврт, иако тоа се случи по првата претседателска дебата. Перформансите имаат одреден ефект но ние никогаш нема да знаеме колкав. Како и да јас не очекувам голема промена по последнава дебата.
Чарлс Матсијан, уредник на „Политико“.

Во синоќешниот дуел во Хемпстед, во сојузната држава Њујорк, Обама ја прифати одговорноста за нападот во Бенгази на 11 септември, кога загинаа четворица Американци, меѓу кои и амбасадорот во Либија. Ромни неколку пати го критикуваше Обама за безбедносни пропусти, како и за слабоста на неговата надворешната политика.

Последните анкети покажуваа дека двајцата имаат речиси иста поддршка од испитаниците.

Чарлс Матсијан уредник на „Политико“ за нашиот дописник во Вашингтон, изјавил оти смета дека околу оваа втора дебата нема да има консензус за тоа кој победил. Тој не очекува ни голема промена во рејтингот на Обама и Ромни, кој е доста изедначен.

„Јас не мислам дека ќе видиме драматичен пресврт, иако тоа се случи по првата претседателска дебата. Перформансите имаат одреден ефект но ние никогаш нема да знаеме колкав. Како и да јас не очекувам голема промена по последнава дебата.“

Третата дебата за надворешната политика е на 22 октомври, а Американците ќе избираат меѓу Обама и Ромни за три недели, на 6 ноември.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG