Пекарите најавуваат поскапување на лебот за 30 отсто

Ако нема некои промени, лебот ќе поскапи до крајот на месецов, вели Љупчо Настовски, претседател на Мeлничко-пекарското здружение „Пекар“ од Охрид.
Лебот може да стане луксуз доколку цената овој прехранбен артикл се покачи, сметаат охриѓани. Пекарите не отстапуваат од барањата лебот да поскапи, додека Министерот за земјоделие Љупчо Димовски вели дека тие се нереални и оти покачувањето на цената ќе значи и непочитување на договорот со министерството.
Тешко на народот. Мислам дека ќе биде многу тешко. Ако лебот поскапи тоа ќе биде катастрофа. Ќе не можат луѓето на крај да излезат. Струјата поскапе, нафтата исто, сега и ова.
Анкетиран граѓанин.

Покачувањето на цената на лебот, сметаат охриѓани, ќе удри и по така тенкиот џеб на граѓаните. Според нив, лебот може да стане луксуз доколку се остварат најавите за зголемување на цената на основниот животен артикал. Во ситуација кога платите се мали, ние обичните смртници едвај ќе сврзуваме крај со крај, коментираат охриѓани.

„Тешко на народот. Мислам дека ќе биде многу тешко. Ако лебот поскапи тоа ќе биде катастрофа. Ќе не можат луѓето на крај да излезат. Струјата поскапе, нафтата исто, сега и ова.“
Цената на лебот треба да оди нагоре. Дали ќе оди 30 отсто, сè зависи од покачувањето на брашното, а и пченицата поскапи за 30 отсто. Се зависи од основниот артикал – пченицата. Годинава има недостиг на пченицата, бидејки за 30 отсто има помали насади на пченицата.
Љупчо Настовски, претседател на Мeлничко-пекарското здружение „Пекар“ од Охрид.

„Нормално дека ќе биде лошо. Во оваа ситуација користат најмногу мелничарите. Парите се кај нив, а не кај земјоделците.“

„Ова ќе биде тешко за сите. Пензионерите, со мали пензии сме“, велат анкетираните граѓани.

Љупчо Настовски, претседател на Мeлничко-пекарското здружение „Пекар“ од Охрид вели дека лебот ќе поскапи, но за колку сè уште не се знае. Како причини за ваквата ситуација ги наведува повисоката цена на пченицата, но и далеку помалиот принос на пченица, како и покачувањето на цената на струјата и нафтата.
Ако некој сака да печали во оваа ситуација преку зголемување на цената на лебот, не е во право и сето тоа ќе биде спротивно со обврските кои мелничко-пекарскиот сектор ги даде пред Министерството за земјоделство.
Љупчо Димовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Цената на лебот треба да оди нагоре. Дали ќе оди 30 отсто, сè зависи од покачувањето на брашното, а и пченицата поскапи за 30 отсто. Се зависи од основниот артикал – пченицата. Годинава има недостиг на пченицата, бидејки за 30 отсто има помали насади на пченицата.“

РСЕ: До крај на месецов лебот ќе има нова цена?

„Па да, ако нема некои промени“, вели Настовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски вели дека во услови кога цената на пченицата е 14 денари за килограм, нереални се барањата на пекарите за покачување на цената на лебот.

„Ако некој сака да печали во оваа ситуација преку зголемување на цената на лебот, не е во право и сето тоа ќе биде спротивно со обврските кои мелничко-пекарскиот сектор ги даде пред Министерството за земјоделство“, рече Димовски.

Во Охрид, Струга и Дебарца до неодамна работеа 40 пекари. Во моментов нивниот број изнесува само 29. Ваквата состојба, според сопствениците на пекари, е резултат на нерентабилно работење и на сè поголемите загуби во работењето.