„Резервен живот“ е насловен вториот роман на Лидија Димковска, писателката која што се смета за „најсилниот творечки глас од генерацијата македонски творци родени во 1970-те“. Следбеникот на „Скриена камера“, за кој таа ја доби наградата „Стале Попов“, е 68-то издание од едицијата ПРОаЗА на книгоиздателството „Или или“ од Скопје.
Романот, преку необични пресврти, психолошка анализа, специфичен пристап кон љубовта, стварноста и кон времето во кое живееме ја истакнува храброста на Димковска да им даде книжевен облик на актуелностите на нашето време и на судбината на човечкото битие.
Ова ќе го забележи Гоце Смилевски, еден од промоторите на „Резервен живот“, вториот роман на Лидија Димковска кој е публикуван осум години по објавувањето на „Скриена камера“ за кој таа ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување на Друштвото на писателите на Македонија и кој досега е преведен на словенечки, словачки, бугарски и полски јазик.
Димковска забележува дека сега кога конечно го има романот в раце, се чувствува како наново да и се вратила на публиката која претпочита проза пред поезијата и затоа е љубопитна како ќе се доживее делото бидејќи, како што вели, станува збор за некаква македонска, скопска приказна за две сијамски близначки со споени глави кои излезот од својата ситуација го бараат на релација Скопје – Лондон.
„Приказната се одвива од 1984 до 2012 година што значи дека опфаќа еден голем период во кој се случија многу промени на општествен план не само во Македонија, во земјите од бивша Југославија, туку и во светот и сите тие промени секако се одразуваат на животот на главните ликови во мојот роман. Се работи за една актуелна приказна која можеби и повеќе од „Скриена камера“ го отсликува животот како таков. Е, сега прашање е дали имаме и резервен живот, ама на тоа секој читател ќе мора сам да си одговори откако ќе го прочита романот.“
Родена 1971 година во Скопје, Лидија Димковска завршила општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет, а постдипломски студии по романска книжевност во Букурешт, Романија, каде што работела и како лектор по македонски јазик. Живее во Љубљана, Словенија. Преведува романска и словенечка литература на македонски јазик и повремено предава „Светска книжевност“ на Факултетот по хуманистика во Нова Горица.
Досега објавила пет поетски книги („Рожби од Исток“ - во 1992 заедно со Борис Чавкоски, „Огнот на буквите“ - 1994, „Изгризани нокти“ - 1998 , „Нобел против Нобел“ - 2001, „pH неутрална за животот и смртта“ -2009), добитник е на германската награда за поезија „Хуберт Бурда“, романските награди за литература „Поесис“ и „Тудор Аргези“, а била номинирана и за престижната „Берлински мост“. Таа е и составувач на антологијата на најмладата македонска поезија „20.млади.мак.поети.00“.
За Димковска како творец се вели дека подеднакво е успешна и во поезијата и во прозата, а самата потенцира дека и во двете области „се наоѓа, се надополнува и се открива“.
„Мене ми се чини дека прозата и поезијата се две врати на литературата и кога ги пишувам се чувствувам како дома. Впрочем и пишувањето на романот беше испреплетено со пишување на песни.“
Таа дополнува дека поетската книга се пишува сама, а авторот ја затвора во моментот кога ќе почувствува дека има доволно напишани песни за неа. За „Резервен живот“ истакнува дека наскоро ќе биде објавен на словенечки и потем ќе започне да си го живее својот посебен живот.
„Јас верувам дека книгите си имаат свој живот. Тие се на авторот додека ги пишувал и додека не излезат, а потоа си живеат сами!“
Приказната се одвива од 1984 до 2012 година што значи дека опфаќа еден голем период во кој се случија многу промени на општествен план не само во Македонија, во земјите од бивша Југославија, туку и во светот и сите тие промени секако се одразуваат на животот на главните ликови во мојот роман. Се работи за една актуелна приказна која можеби и повеќе од „Скриена камера“ го отсликува животот како таков. Е, сега прашање е дали имаме и резервен живот, ама на тоа секој читател ќе мора сам да си одговори откако ќе го прочита романот.Лидија Димковска, писателка.