Регионалната платформа за активизам „Лице в лице“, утревечер од 20 часот во Македонскиот народен театар, на скопската публика ќе и го претстави апсолутниот победник на фестивалот „Стеријно позорје“, претставата „Работниците умираат пеејќи“. Проектот е работен според драмата на Олга Димитријевиќ која победи на конкурсот на „Хартефакт“ за најдобар современ општествено ангажиран текст за 2010 година во Србија, а режијата е на Анѓелка Николиќ.
Претставата „Работниците умираат пеејќи“, преку брехтовскиот театарски израз, ги отсликува мачните промени што ги донесе долгогодишната транзиција на овие наши балкански простори. Текстот на Олга Димитријевиќ длабоко навлегува во проблемите со кои се соочува работничката класа која секојдневно тоне во грижите што произлегуваат од високата невработеност, но и од несолидарноста, поткупливоста и слабоста што преминува во беспомошност.
„Во моментот кога започнав да го пишувам текстот мене лично прво ми беше најинтересно тоа отсуство на солидарност комплетно во општеството. Тоа што таа врска на власта, моќта и капиталот не обрнува никакво внимание на реалниот живот и колку притоа се повторува образецот на поединечните протести.“
За овој експресионистички социјално ангажиран мјузикл, кој на уметнички, филозофски и социјално освестен начин ја обработува темата на страдањата на најзагрозената општествена класа, режисерката Анѓелка Николиќ забележува дека тие најнапред сакале да направат максимално можна дистанца од емотивниот набој што го носи текстот бидејќи тој е пишуван како мелодрама во која централен лик е една турбо-фолк пејачка која се обидува онака како што знае да го најде својот излез од калта.
„Претставата се однесува на нашиот депресивен менталитет. Состојбата во општеството, не само во нашето туку и воопшто пошироко во регионот, е таква што за жал мал е бројот на оние што таа не ги допира. А, проблемот е токму во тие луѓе – во политичарите, тајкуните, во тие малкумина што живеат добро. Од друга страна, мислам дека и главнината, оние на кои им е наменета оваа претстава, многу малку можат да сторат во таквите услови.“
Николиќ дополнува дека притоа недостига храброст, решителност и силна волја за да се направи нешто, прво на индивидуален, а потоа и на општествен план.
Во „Работниците умираат пеејќи“ играат Милан Ковачевиќ, Марија Миленковиќ, Игор Боројевиќ, Марија Бергам и други. Кореограф е Далија Аќин, а композитор Дарко Аџиќ. Претставата премиерно беше изведена на крајот на минатата година на матичната сцена на театарот „Битеф“ во Белград, на Фестивалот на малите сцени во Кикинда доби награда за режија, а од „Стеријиното позорје“ во Нови Сад како апсолутен победник си замина со дури шест награди.
Во Скопје ќе ја видиме благодарение на Регионалната платформа за активизам „Лице в лице“ што ја спроведува Центарот за медиумски активности и кои неодамна на македонски јазик го објавија првиот број на магазинот што го продаваат најранливите категории луѓе во општеството.
„Претставата ја нагласува и неподготвеноста да се направат и промени, првенствено на индивидуален план за потоа да очекуваме и промени на општествен план. Со слични теми се занимава и уличниот магазин „Лице в лице“ кој што е втемелен на принципите на социјалното претприемништво со цел економски и социјално да се засилат најзагрозените сограѓани и така директно да се влијае на нивниот живот“, вели Клементина Илиевски од Центарот за медиумски активности.
Во моментот кога започнав да го пишувам текстот мене лично прво ми беше најинтересно тоа отсуство на солидарност комплетно во општеството. Тоа што таа врска на власта, моќта и капиталот не обрнува никакво внимание на реалниот живот и колку притоа се повторува образецот на поединечните протести.Олга Димитријевиќ, драматург.
„Во моментот кога започнав да го пишувам текстот мене лично прво ми беше најинтересно тоа отсуство на солидарност комплетно во општеството. Тоа што таа врска на власта, моќта и капиталот не обрнува никакво внимание на реалниот живот и колку притоа се повторува образецот на поединечните протести.“
Претставата се однесува на нашиот депресивен менталитет. Состојбата во општеството, не само во нашето туку и воопшто пошироко во регионот, е таква што за жал мал е бројот на оние што таа не ги допира. А, проблемот е токму во тие луѓе – во политичарите, тајкуните, во тие малкумина што живеат добро. Од друга страна, мислам дека и главнината, оние на кои им е наменета оваа претстава, многу малку можат да сторат во таквите услови.Анѓелка Николиќ, режисерка.