Повлечениот закон за бранители, политичка победа за ДУИ?

ДУИ се подготвени на секое сценарио да одговорат со свој одговор, бидејќи планираат да го истуркаат овој предизвик докрај, велат од ДУИ. Од таму сметаат дека станува збор за политичка победа на Демократската унија за интеграција.
По синоќешната одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ да го повлече од процедура во редовната постапка, предлог законoт за бранителите, во ДУИ не се изненадени, меѓутоа ова го сметаат како политичка победа.
Во секој случај ова за нас е еден чекор кој и практично докажува дека аргументите на ДУИ надвладејаа, па законот мораше да биде повлечен. Не сакам да ја поларизирам атмосферата, но дозволете да констатирам дека сепак станува збор за политичка победа на Демократската унија за интеграција.
Ермира Мехмети, ДУИ.

Ова е сценарио кое одамна откако е почната дебатата за предлог законот се најавуваваше како втора алтернатива, изјави Ермира Мехмети Деваја. Таа посочува дека ДУИ се подготвени на секое сценарио да одговорат со свој одговор, бидејќи планираат, како што вели, да го истуркаат овој предизвик докрај.

Ермира Мехмети, ДУИ.


„Во секој случај ова за нас е еден чекор кој и практично докажува дека аргументите на ДУИ надвладејаа, па законот мораше да биде повлечен. Не сакам да ја поларизирам атмосферата, но дозволете да констатирам дека сепак станува збор за политичка победа на Демократската унија за интеграција.“

Она што може да се претпостави е дека ДУИ ќе го одложува донесувањето на законот со тоа што ќе поднесат голем број амандмани, како што претходно најавуваа.

Во јавноста се чека да се види дали евентуално припадниците на некогашната ОНА ќе бидат вклучени во законот за бранители.
Не можам да разберам, заедно во влада се, а да не можат да се договорат или така крајно да се спротистават на еден проект, за закон којшто од една страна го зголемува националистичкиот набој кај Македонците во полза на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна го зголемува набојот кај Албанците, и претпоставувам дека ДУИ тука профитира политички. Тоа е една игра кој започна и од која не се откажуваат.
Тито Петковски, НСДП.

Координаторот на Достоинство за Западна Македонија, Марин Најдов претходно најави дека во тој случај тие нема да го поддржат тој закон. Од исходот зависи и тоа како ќе продолжи да функционира коалицијата. Во контекст на актуелната ситуација по Слупчане и законот за бранителите, сепак, политичките субјекти од опзицијата се повеќе се скептични дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат волја да се договорат. Тито Петковски од НСДП е меѓу тие кои сметаат дека нема изгледи да опстои коалицијата и дека овој потег на ВМРО-ДПМНЕ е обид да се влезе во предвремени избори.

„Не можам да разберам, заедно во влада се, а да не можат да се договорат или така крајно да се спротистават на еден проект, за закон којшто од една страна го зголемува националистичкиот набој кај Македонците во полза на ВМРО-ДПМНЕ, а од друга страна го зголемува набојот кај Албанците, и претпоставувам дека ДУИ тука профитира политички. Тоа е една игра кој започна и од која не се откажуваат.“

Синоќа Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ препорача до пратеничката група да се заложи за ограничување на дискусиите во новата скратена постапка во работата на комисиите, а со цел да се спречи злоупотребувањето на Деловникот, односно одолговлекување на дискусиите.

До ова доаѓа во момент кога подолго време коалициските партнери различно ги толкуваа пораките за помирување содржани во извештајот на ЕК. Во ВМРО-ДПМНЕ, велеа дека треба да се донесе закон за бранителите, но не и закон за т.н. борци на ОНА, а во ДУИ дека Владата ќе предложи закон за решавање на проблемите со кои се соочуваат жртвите од конфликтот од двете страни.