Неколку граѓански организации бараат законот за декриминализација на клеветата да се врати назад и во неговата изработка, освен ЗНМ, да се вклучи и граѓанскиот сектор, затоа што законот не се однесува само на новинарите.
Целиот процес на носење на законот за декриминализација на клеветата да се врати назад и во неговата изработка, освен ЗНМ, да се вклучи и граѓанскиот сектор, бараат неколку граѓански организации.
Хелсиншкиот комитет на Македонија, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, Коалицијата „Сексуални здравствени права на маргинализирани заедници“, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Центарот за развој на медиуми, НВО Инфоцентар и Цивил - Центар за слобода изнесоа бројни сериозни забелешки и на содржината на предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, но и на, како што рекоа, нетранспарентното водење на целата постапка.
Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми обвини дека носењето на законот со покрива со европската агенда и оти во целата приказна има „европско соучесништво“. Нашата анализа покажа дека треба да се интервенира во 20 од 35 члена, колку што има законот. Тоа е сериозен недостаток, потребна е интервенција во речиси целиот текст на законот, рече Беличанец.
„Да се запре приказната додека не е доцна, да се врати назад, затоа што месец дена разлика нема да и сменат ништо на Македонија во смисла на европските интеграции, но може да и сменат многу во смисла на обезбедување на слободата на говор во иднина“, вели Беличанец.
Жарко Трајаноски од Коалицијата „Сексуални здравствени права на маргинализирани заедници“ оцени дека со овој закон, но и со измените на Кривичниот законик и со Законот за странски дописнички мрежи во Македонија, „неодговорните политичари“ се обидуваат да наметнат цензура.
„Овие закони не ги засегаат само новинарите, туку и сите граѓани на Република Македонија и оттаму носењето на вакви закони може да биде сериозен вовед, цензура веќе имаме, но во нешто пострашно, во диктатура“, рече Трајаноски.
Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет вели дека токму затоа што законот не се однесува само за новинарите, во неговото изготвување треба да учествува целиот граѓански сектор.
Филип Стојановски од Метаморфозис рече дека предложениот текст, ако остане вака како што е, ќе предизвика затворање на можноста за јавна комуникација преку интернет.
„Самиoт процес е многу мистериозен и самите предлагачи треба да образложат што всушност сакале да кажат, ако веќе имаат проблеми со преведување на текст од англиски“, вели Стојановски.
Ако нивните забелешки не бидат прифатени, граѓанските организации најавија дека по донесувањето, ќе ги искористат сите правни средства за соборување на законот, како што се иницијативи до Уставниот суд и иницијативи до Собранието за промена на законот.
Во меѓувреме, најголемата опозициска партија СДСМ соопшти дека поднеле амандмани на законот со кои бараат намалување на максималната казна од 27 илјади евра на 2.700 евра, бришење на членот од законот кој, како што велат, овозможува цензурирање на новинарски текстови и амандман за дефинирање на евентуалната одговорност на интернет порталите.
Да се запре приказната додека не е доцна, затоа што месец дена разлика нема да и сменат ништо на Македонија во смисла на европските интеграции, но може да и сменат многу во смисла на обезбедување на слободата на говор во иднина.Роберто Беличанец, Центар за развој на медиуми.
Хелсиншкиот комитет на Македонија, Фондацијата Институт отворено општество-Македонија, Коалицијата „Сексуални здравствени права на маргинализирани заедници“, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, Центарот за развој на медиуми, НВО Инфоцентар и Цивил - Центар за слобода изнесоа бројни сериозни забелешки и на содржината на предлог-законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, но и на, како што рекоа, нетранспарентното водење на целата постапка.
Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми обвини дека носењето на законот со покрива со европската агенда и оти во целата приказна има „европско соучесништво“. Нашата анализа покажа дека треба да се интервенира во 20 од 35 члена, колку што има законот. Тоа е сериозен недостаток, потребна е интервенција во речиси целиот текст на законот, рече Беличанец.
Овие закони не ги засегаат само новинарите, туку и сите граѓани и оттаму носењето на вакви закони може да биде сериозен вовед, цензура веќе имаме, но во нешто пострашно, во диктатура.Жарко Трајаноски, Коалицијата „Сексуални здравствени права на маргинализирани заедници.
„Да се запре приказната додека не е доцна, да се врати назад, затоа што месец дена разлика нема да и сменат ништо на Македонија во смисла на европските интеграции, но може да и сменат многу во смисла на обезбедување на слободата на говор во иднина“, вели Беличанец.
Жарко Трајаноски од Коалицијата „Сексуални здравствени права на маргинализирани заедници“ оцени дека со овој закон, но и со измените на Кривичниот законик и со Законот за странски дописнички мрежи во Македонија, „неодговорните политичари“ се обидуваат да наметнат цензура.
„Овие закони не ги засегаат само новинарите, туку и сите граѓани на Република Македонија и оттаму носењето на вакви закони може да биде сериозен вовед, цензура веќе имаме, но во нешто пострашно, во диктатура“, рече Трајаноски.
Самиoт процес е многу мистериозен и самите предлагачи треба да образложат што всушност сакале да кажат, ако веќе имаат проблеми со преведување на текст од англиски.Филип Стојановски, Метаморфозис.