Регионот на Охрид и Преспа ќе биде прогласен за Биосферен резерват под заштита на УНЕСКО. Според иницијаторите, Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро, од сето ова најголема придобивка ќе има локалното население.
Започна постапката за прогласување на охридско-преспанскиот регион за Биосферен резерват под заштита на УНЕСКО. Според иницијаторите, Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро, од сето ова најголем бенефит ќе имаат околу 200.000 жители кои живеат во регионот на Охрид и Преспа во Македонија, Албанија и Грција. Идејата е регионот економски да заживее, да се воведе контрола врз сето она што ќе се гради, но и да се заштити природното и културно богатство со кое располага овој дел на Европа.
Во отсуство на грчката страна која не дојде на потпишување на декларацијата, градоначалниците од македонска и албанска страна, како и министрите за животна средина на двете држави, со својот потпис се обврзуваат дека ќе се залагаат за заштита на целиот регион. Градоначалниците на Охрид, Ресен и Пустец, Александар Петрески, Михаил Волканоски и Едмонд Темелко очекуваат економски придобивки и повеќе туристи во наредните години.
„Заштитата не се подразбира, според стручните лица со кои сум разговарал, подрачјето да се покрие со стаклено ѕвоно, туку да му се даде зголемена вредност со која ние ќе управуваме онака како што треба за да го оставиме на идните генерации. Oчекувам поголем развој и поголемо вреднување, значи поголем број на туристи и зголемен број на инвестиции со проширувањето на целово ова подрачје“, вели Петрески.
„Најнапред ќе имаат бенефит сите жители на општина Ресен и Охрид, преку развојот на туризмот. Ако успееме да ја заштитиме животната средина ќе имаме и развој на туризмот во двата региона“, изјави Волканоски.
„Општина Пустец спаѓа во преспанскиот регион. И прогласувањето на овој регион за Биосферен резерват дава надеж за подобро да се заштити оваа природна убавина која ни ја дал Господ Бог“, рече Темелко.
Овој дел на Европа е еден од најзначајните од аспект на еколошки и економски потенцијал, сметаат од Билатералниот комитет. Од таму велат дека со овој договор ќе бидат утврдени строги зони на заштита. Аријан Мероли, претставник на Албанија, вели дека регионот треба да прерасне во една од најголемите туристички атракции во Европа.
„Многу од странците и луѓето што сакаат да видат како е заштитена флората и фауната може да имаат поголем интерес за нашиот регион“, вели Мероли.
Очекувањата се дека УНЕСКО ќе го прогласи регионот на Охрид и Преспа за Биосферен резерват веќе во декември оваа година.
Заштитата не се подразбира, според стручните лица со кои сум разговарал, подрачјето да се покрие со стаклено ѕвоно, туку да му се даде зголемена вредност со која ние ќе управуваме онака како што треба за да го оставиме на идните генерации. Oчекувам поголем развој и поголемо вреднување, значи поголем број на туристи и зголемен број на инвестиции со проширувањето на целово ова подрачје.Александар Петрески, градоначалник на Охрид.