Е - предизвик

Тамара Атанасоска, граѓански активист.

Како ние планираме да ја овозможиме таа е-демократија, кога и со онаа „обичната“ имаме толку проблеми и толку предизвици да поминеме? - пишува граѓанската активистка Тамара Атанасоска во младинската онлајн колумна на Радио Слободна Европа.
Деновиве сакаме да ставиме „е“ пред се. Е-демократија, е-парламент, е-влада... Во процесот на вртење на главата кон е-услугите, дали забораваме дека ги немаме основните услови за нивно извршување во секојдневниот живот?

Туркањето кон нешто за што не сме спремни ќе има ист ефект како проектот „Компјутер за секое дете“. Ги компјутеризиравме сите училишта во градовите и во селата, но седат затворени во опремени училници затоа што професорите не се подготвени и доволно обучени да ги вклучат во наставата (не сите, нормално), а покривите уште им прокиснуваат, а некаде нема ни греење.
Присуствував на дводневниот настан за е-демократија, најголем во регионот кој се одржа во Охрид минатиот месец. На конференцијата се презентираа сите услуги кои ги нуди нашата влада и владите во регионот, но и нови кои се во план. Поминаа многу презентации кои се фокусираа на решенијата, но за мое големо разочарување, многу малку се зборуваше за предизвиците со кои се соочуваме во тој правец, но и опасностите и недостатоците на ваквите стратегии. Политичарите и претставниците од министерствата ги споделија своите позитивни перцепции за работите кои планираат да ги воведат, и нивните малку нереалистични очекувања. Граѓанскиот сектор претежно молчеше.

Mеѓу муабетите за споделување на работата на пратениците на социјалните медиуми, за контактирање на секој граѓанин со својот пратеник електронски и успешно, сите како да го занемарија прашањето дека ние и да ги воведеме сите овие работи, и да ние граѓаните со парите од нашите даноци го купиме тој софтвер кој тие треба да го користат, дали нашите пратеници ја имаат таа спремност да го користат, доволно образование, услови и желба да научат и тоа да го применуваат секојдневно? Дали нашите граѓани кои сè уште не можат да остварат комуникација со претставниците во својата локална самоуправа по тек на нормална, секојдневна комуникација, вистински имаат толку потреба од форсирање на тие е-услуги?

На мојот коментар по завршувањето на презентациите дали планираат да се спроведат некакви обуки и колку всушност можат да го користат пратениците овој систем кој го поставиле или скапите системи кои планираат да ги постават и одвојат пари од буџетот за нив, од пратениците добив одговор дека повеќе од половина од луѓето во парламентот не се технички способни да ги следат овие промени и да извршуваат вакви задачи, но и ја искористија можноста да се пожалат како немаат канцеларии, асистенти и други поволности кои би им овозможиле да се среќаваат со граѓани и да им одговараат на нивните побраувања. Тотално ме збунува тогаш инсистирањето на имплементацијата на вакви алатки.
Како ние планираме да ја овозможиме таа е-демократија, кога и со онаа „обичната“ имаме толку проблеми и толку предизвици да поминеме?

Туркањето кон нешто за што не сме спремни ќе има ист ефект како проектот „Компјутер за секое дете“. Ги компјутеризиравме сите училишта во градовите и во селата, но седат затворени во опремени училници затоа што професорите не се подготвени и доволно обучени да ги вклучат во наставата (не сите, нормално), а покривите уште им прокиснуваат, а некаде нема ни греење.

Истиот ефект можам да го видам и со форсирањето и масовното инвестирање во е-услугите: ќе поставиме системи кои повеќе од 50 проценти од пратениците нема да ги користат, а нивните канцеларии ќе останат и понтаму затворени, телефоните недостапни и ништо нема да направиме за да ја зголемиме културата на партиципативност, која е основа на граѓанското учество.

Како ние планираме да ја овозможиме таа е-демократија, кога и со онаа „обичната“ имаме толку проблеми и толку предизвици да поминеме?

Наместо да работиме на суштинските проблеми кои ги имаме, да ги отвориме и проработиме стандардните канали за комуникација меѓу власта, пратениците и граѓаните, да го зголемиме потенцијалот за дебата и дискусија меѓу двете страни и да се отворат канцелариите за предлози, ние сакаме да го скокнеме тој чекор и веднаш да преминеме на нешто што ни е далеку од дофат. Е така, не може.