Достапни линкови

Лицемерие, енергетска сиромаштија и стандард


Тамара Атанасоска, граѓански активист
Тамара Атанасоска, граѓански активист

Обичниот граѓанин, од институциите е држен во сенка, борејќи се со нивните административни табели и бројки. Ништо не му значат. Позади големите зборови, препукувањата помеѓу партиите и заобиколувањето на темата, обичниот човек чека со ќесето во стиснатите раце, да му кажат нешто, пишува Тамара Атанасоска во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Август помина. Скоро ќе ги добиеме новите сметки, каде се пресметани последните поскапувања. Бројките изразени во проценти се уште изгледаат нереални. Реални ќе бидат кога ќе се претворат во проценти минус од нашата плата, на крајот од месецот. Чекаме.
Владата се иззема од одговорност за нашата сиромаштија. Застанува на страна, а има опции како да помогне. Иако директно не може да влијае на одлуката на регулаторната комисија, ја има моќта да свика надзорна расправа во Собранието за било која нејзина одлука, по која истата може да биде ревидирана. Секоја одлука на регулаторната комисија прво, пред да и биде соопштена на јавноста, поминува низ каналот на нивно одобрување.

Многу малку информации имаме за тоа што се случува околу нас. Знаеме дека струјата е поскапена, регулаторната комисија на својата интернет страница има кратко објаснување, но секако не доволно јасно. Обичниот граѓанин, од институциите е држен во сенка, борејќи се со нивните административни табели и бројки. Ништо не му значат. Позади големите зборови, препукувањата меѓу партиите и заобиколувањето на темата, обичниот човек чека со ќесето во стиснатите раце, да му кажат нешто.

Владата се иззема од одговорност за нашата сиромаштија. Застанува на страна, а има опции како да помогне. Иако директно не може да влијае на одлуката на регулаторната комисија, ја има моќта да свика надзорна расправа во Собранието за било која нејзина одлука, по која истата може да биде ревидирана. Секоја одлука на регулаторната комисија прво, пред да и биде соопштена на јавноста, поминува низ каналот на нивно одобрување.
Ако се навратиме на лицемерието, опозицијата која сега наеднаш изгледа многу загрижена по ова прашање, сепак, не си ја сработила својата работа во полза заштите на граѓаните кога тоа требало – и опозицијата секако има свои претставници во органите кои соработуваат со Р.К., и секако го имаат истото право да свикаат надзорна расправа. Тоа не е направено.

Во годинашниот извештај за работата на Регулаторната комисија од 2011 можете да ја видите целокупната листа на сите владини органи со кои се консултира истата при донесувањето на одлуките, а меѓу другото таму е и наведено дека нивни претставници и присуствуваат на подготвителните седници.

Сепак, како да има владава врска со ова што се случува во земјата во која е на власт?

Ако се навратиме на лицемерието, опозицијата која сега наеднаш изгледа многу загрижена по ова прашање, сепак, не си ја сработила својата работа во полза заштите на граѓаните кога тоа требало – и опозицијата секако има свои претставници во органите кои соработуваат со РК, и секако го имаат истото право да свикаат надзорна расправа. Тоа не е направено. Чуму буката после пропуштената шанса?

Регулаторната комисија наместо да им излезе во пресрет на граѓаните полни прашалници, троши од своите ресурси да им составува и објавува одговори на нивните обвинувања, сега, после се. Драги сограѓани, овие лицемери и од едната и од другата страна само ни го трошат времето. Очигледно не се заинтересирани да помогнат.

Ако понатаму ги разгледуваме документите кои ни се на располагање, ќе увидиме понатамошни проблеми со изјавата дека нашата влада не може ништо да направи за ситуацијата во која се наоѓаме. Во законот за енергетика, во делот за енергетска политика вели дека: „Владата на РМ, по предлог на министерството надлежно за вршење на работите од областа на енергетиката ја донесува Стратегијата за развој на енергетиката“. Во едно од точките кои следат вели дека со истата се утврдува: „поттикнувањето на конкуретноста на пазарот на енергија на принципите на објективност, транспарентност и непристрасност“, меѓу другите точки. Всушност, законот во целост вели дека владата изготвува стратегија која треба да е во интерес на граѓаните, а го вклучува секој дел од она кое потоа го адресира регулаторната комисија во склад со нивната страгегија, и ги донесува конечните одлуки.

Како дел од точките што „со енергетската политика треба да се обезбеди“ и истиот закон е и „мерки за заштита на граѓаните од енергетска сиромаштија“. Владата има предвидено такви пакети кои треба да им помогнат на оние најзагрозените, кои не можат да си ги платат сметките, но според Сител, лани не биле искористени сите пари предвидени за тоа затоа што немало доволно заинтересирани апликанти. Немало доволно заинтересирани?

Пак се навраќаме на тоа дека обичниот граѓанин е целосно неинформиран. Околу оваа помош против енергетската сиромаштија можете да направите мало истражување, и од архивите на весниците да прочитате дека СДСМ неколку години се бореле да го донесат овој закон (закон за заштита од енергетска сиромаштика), а ВМРО неколку пати го одбивале и не сакале да го усвојат. Потоа се донесува одлука, повеќе години откако е приватизирана струјата, да се исплаќаат овие субвенции, но не ретроактивно, а сметките сигурно веќе се наталожиле.

Чудна политикава, никако обичните граѓани да победат. Сепак, да не биде дека им ја префрламе на ВМРО топката сега: другите да имале голем мерак да го стават овој закон во функција ќе го донеле уште кога биле на власт затоа што знаеле дека ќе ја продаваат струјата. Исто е тоа, од едната и другата страна. Не е во наша корист.

Исто така, читајќи ги документите и доказите на регулторната и владата во полза на оваа одлука никаде не сретнав да се споменува економскиот елемент, односно нашата можност да плаќаме и стандардот на нашето живеење. Ако котираме ниско на табелите по цена на струјата, никаде не е земено во предвид дека нашиот стандард е далеку понизок од оној на сите набројани земји. Кога не сакаат отворено да разговараат со нас, мора да читаме меѓу редови.

Ништо од ова не е измислено. Ако си го испечатите годишниот извештај на регулаторната комисија од минатата година или пак законот за енергетика можете да го прочитате истото. Ако „прогуглате“ можете да ги прочитате старите весници. Ова се само закони по кои треба да се води нашата држава, и ние треба да инсистираме на тоа. Тоа е наше право. Зар само власта има право да не ги почитува законите?

Јас велам, барем ако ништо друго, да не оставиме да не влечат за нос. Барем тоа можеме.
XS
SM
MD
LG