Колку и да ги крпиме видливите последици на болеста, колку и да се трудиме, ако не ја направиме точната дијагноза, пациентот нема да преживее. И се повеќе и повеќе делови од него ќе се разболуваат. Нели, се е систем, се е поврзано.
Деновиве се соочуваме со проблеми страшни за секој – со закани нималку наивни, со столбови кои се нишаат под нашите нозе. Носечкиот столб, мирот се клати најсилно. Знаеме ли зошто? Знаеме ли навистина?
Нормално е како луѓе да сме малку кратковиди, нормално е да забораваме. Нормално е и да паничиме во ситуации кои не ни се јасни, а се чувствуваме загрозени. Нормално е затоа што секој ден активно го живееме својот живот, да ни е тешко да излеземе и да го видиме текот на настаните отстрана. Да видиме каде се почнало.
Од каде таа омраза? Од каде тој бес и незадоволство? Се пренесува ли од колено на колено? Го има ли во воздухот?
Ги мразиме другите кои исто како нас живеат на социјално. Ги мразиме другите на кои им е исто скапо на пазар како и на нас. Ги мразиме другите кои исто имаат деца за кои го живеат животот. Ги мразиме другите со кои делиме беда. Ги мразиме другите со кои делиме радост.
Зар може нечие непостоење да придонесе за условите во кои ние живееме да се подобрат? А условите, какви се? Колку од твоите секојдневни грижи, колку од твоите скришни солзи и гризење усни се поради зулимите на „оние“ од другата националност?
Со постојаното кружење во вртлогот на стравот и тензијата, ние, борејќи се со невидливиот пријател како закана, ја пропуштаме можноста да работиме на за нас суштинските проблеми, граѓанските. Секој ден ни презентираат терор и омраза на медиумите кои треба да ја отсликуваат атмосферата во која живееме, не ставаат во средината на етничкиот кофликт додека околу нас продолжува граѓанскиот живот да се одвива без нас: секојдневно се донесуваат закони, се трошат наши пари, се потпишуваат договори се редизајнира нашето минато за поверодостојно да ја отсликува замислената иднина. Ние, стоиме, мразиме, се плашиме.
Пред да опцуете и изговорите зборови чија тежина е многу, многу поголема од што изгледа, размислете дали на некој како вас, кој во моментов чита и седи на столче како вашето и го чекаат дома деца како вашите, му одговара крв на улиците. Ако не му одговоара, тогаш кој профитира од затегнати односи? Обичниот човек сигурно не.
Секој ден ни презентираат терор и омраза на медиумите кои треба да ја отсликуваат атмосферата во која живееме, не ставаат во средината на етничкиот кофликт додека околу нас продолжува граѓанскиот живот да се одвива без нас: секојдневно се донесуваат закони, се трошат наши пари, се потпишуваат договори се редизајнира нашето минато за поверодостојно да ја отсликува замислената иднина. Ние, стоиме, мразиме, се плашиме.