Либерализацијата ќе поттикне зголемена енергетска ефикасност

Илустрација.

Повеќе од 140 компании за неколку месеци ќе почнат да купуваат струја на слободниот пазар.
Повеќе од 140 компании за неколку месеци ќе почнат да купуваат струја на слободниот пазар, со што се очекува решавање на проблемот за балансирање на нивната потрошувачка.
Со текот на времето, големите компании во сопствените технолошки процеси ќе почнат да менаџираат со енергијата и ќе даде еден добар допринос во целокупното, пред сè нивно работење, иако таа дубиоза од 40 проценти на увоз на електрична енергија што ја имаме во моментов тешко дека ќе може со текот на времето да биде надополнета со нешто друго.
Здравко Стефановски, технички експерт за енергетска ефикасност.

Либерализацијата, најавена за почетокот 2013 година, ќе придонесе кон зголемување на енергетската ефикасност, смета техничкиот експерт за енергетска ефикасност Здравко Стефановски.

„Со текот на времето, големите компании во сопствените технолошки процеси ќе почнат да менаџираат со енергијата и ќе даде еден добар допринос во целокупното, пред сè нивно работење, иако таа дубиоза од 40 проценти на увоз на електрична енергија што ја имаме во моментов тешко дека ќе може со текот на времето да биде надополнета со нешто друго.“

Тендерските документации за Чебрен и Галиште неколку пати пропаднаа, потсетува Стефановски.

„Пред сè, тие инвестиции се премногу големи за да се вратат во некој период од 20-30 години најмалку. Обновливите извори на енергија како такви сè уште не се приоритет, ниту на владата, ни на Регулаторната комисија за енергетика со своите одлуки, иако многу држави како што се Германија, Јапонија итн., затвораат цели нуклеарни постројки со замена со обновливи извори на енергија.“
Ние имаме загарантирана цена на квартално ниво и практично сме ослободени од сите турбуленции што може да настанат. Ризикот на зголемување го презема нашиот добавувач, а нормално тој ќе има поголеми ефекти ако во тој период има намалување на цената на електричната енергија.
Александар Панов, директор на Макстил.

Струјата на слободниот пазар е поскапа од домашната, вели Александар Панов од „Макстил“, компанија која веќе неколку години ја набавува електричната енергија од странство.

„И во моментов да речеме тие цени се многу повисоки, отколку што се плаќа дома, така што одењето надвор на сите потрошувачи во комплет, треба и други предуслови да се створат, да се оформи и да се изедначи со условите кои ги имаме ние надвор.“

Досегашното искуство покажува дека она што го бараме, тоа и го добиваме, вели Панов.

„Значи, ние имаме загарантирана цена на квартално ниво и практично сме ослободени од сите турбуленции што може да настанат. Ризикот на зголемување го презема нашиот добавувач, а нормално тој ќе има поголеми ефекти ако во тој период има намалување на цената на електричната енергија.“

Комплетна либерализација на пазарот на електрична енергија во Македонија се очекува до 2015 година.