Пресензибилна реакција е да се поставува прашање дали со овие случаи влегуваме во федерализација, вели професор Владо Поповски.
Случувањата на локално ниво и препукувањата со централната власт поради прегрупирањето на паралелки, промена на имиња на училишта, но и последниот пример со поставување табла само на албански јазик во село во струшко го предизвикуваат вниманието на јавноста, бидејќи почна да создава расположение во кое централната власт и општините како да не се слушаат и да влегуваат во посебни насоки на дејствување.
Експертите велат дека станува збор за препукувања кои треба да престанат и оти сите страни, локалната и централната власт и политичките субјекти, треба да седнат и да ги надминат. Зашто ако се пушти до крај ситуацијата може да се намножат спонтани надвор од законот примери кои ќе ни создаваат дневни нервози. Постојат индикации дека не се почитуваат процедури и време е тоа да се надмине, вели професор Владо Поповски од Првниот факултет во Скопје.
Пресензибилна реакција е да се поставува прашање дали со овие случаи влегуваме во федерализација. Неговиот одговор е не, далеку е од федерализација, но нагласува дека постојат индикации дека не се почитуваат процедурите и време е тоа да се надмине.
„Мислам дека се претерува со форсирањето на тој поим. Ќе се јави определена дисцонанца меѓу локалната и централната власт или меѓу некој политички носител од делот на граѓаните Албанци и политички функционер од Македонците, и ние веднаш прашуваме дали значи федерализација и така натаму, со други зборови сакаме да го вознимируваме општото јавно мислење со некој поим кој наскоро ќе почнеме да го доживуваме како баба рога. Мислам дека станува збор за недоволно меѓусебно координирање на централната и локалната власт во смисла на исполнување на надлежностите и почитувањето на процедурите.“
Има место веќе надлежните институции на централно и на локално ниво да видат прецизно колку се почитуваат надлежностите и ако некаде чкрипи мора да се реагира, вели Поповски.
На оваа тема, градоначалникот на Чаир Изет Меџити кој е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа изјави дека во рамки на концептот на ДУИ цврсто се убедени и работат во прилог на целосна имплементација на рамковниот договор.
„Ако ги гледаме работите локално, зборуваме за проблеми во образованието. Образованието во Република Макеоднија е целосно децентрализирано, значи како што одлучува градот Скопје за средните училишта, за градинките и основните училишта одлучуваме ние во Чаир.“
Во врска со прегрупирањето на паралелките што прво го направи Аеродром, а потоа и Сарај и Чаир, Поповски вели дека треба да се види дали со паралелките сè е во рамки на законот односно дали постоеле паралелки на база на толерирање и дека ако на едно место се спроведе законот не може да не се очекува на друго место да не се спроведе законот поради фер плеј односи.
Како поинаков се посочува примерот со таблата во селото во Струга и изјавата на градоначалникот Мерко. Таа изјава и табла е надвор од уставните решенија. Двојазичноста е уставно признато право, но не може да се стави табла на еден јазик, а македонскиот да не стои таму, реагираат експертите.
Ова е единствен пример од оние што се случуваат на локално ниво каде се испробуваат одредени функционери. Во случајот тоа е Мерко, дали може ова да се направи, а знае дека не може бидејќи живееме во една држава каде уставот е јасен, коментира Поповски. Повеќе станува збор за препукување кое треба да престане, вели Поповски.
Мислам дека се претерува со форсирањето на тој поим. Ќе се јави определена дисцонанца меѓу локалната и централната власт или меѓу некој политички носител од делот на граѓаните Албанци и политички функционер од Македонците, и ние веднаш прашуваме дали значи федерализација и така натаму, со други зборови сакаме да го вознимируваме општото јавно мислење со некој поим кој наскоро ќе почнеме да го доживуваме како баба рога. Мислам дека станува збор за недоволно меѓусебно координирање на централната и локалната власт во смисла на исполнување на надлежностите и почитувањето на процедурите.Владо Поповски, универзитетски професор.
Експертите велат дека станува збор за препукувања кои треба да престанат и оти сите страни, локалната и централната власт и политичките субјекти, треба да седнат и да ги надминат. Зашто ако се пушти до крај ситуацијата може да се намножат спонтани надвор од законот примери кои ќе ни создаваат дневни нервози. Постојат индикации дека не се почитуваат процедури и време е тоа да се надмине, вели професор Владо Поповски од Првниот факултет во Скопје.
„Мислам дека се претерува со форсирањето на тој поим. Ќе се јави определена дисцонанца меѓу локалната и централната власт или меѓу некој политички носител од делот на граѓаните Албанци и политички функционер од Македонците, и ние веднаш прашуваме дали значи федерализација и така натаму, со други зборови сакаме да го вознимируваме општото јавно мислење со некој поим кој наскоро ќе почнеме да го доживуваме како баба рога. Мислам дека станува збор за недоволно меѓусебно координирање на централната и локалната власт во смисла на исполнување на надлежностите и почитувањето на процедурите.“
Ако ги гледаме работите локално, зборуваме за проблеми во образованието. Образованието во Република Макеоднија е целосно децентрализирано, значи како што одлучува градот Скопје за средните училишта, за градинките и основните училишта одлучуваме ние во Чаир.Изет Меџити, градоначалник на Чаир.