Законот уште недонесен, а експертите велат дека му е потребен ремонт. Од ЗНМ, пак, велат дека целта на неговото донесување ќе се постигне само ако сите засегнати страни почнат да ги менуваат нивните навики.
На Законот за декриминализација на клевета кој влезе во собраниска процедура му е потребна генерална преработка, велат експертите. ЗНМ, пак, го поддржа чекорот на владата, не само за тоа што одлучи да ја декриминализира клеветата и навредата, туку целата глава од Кривичниот закон што се однесува на делата против честа и угледот.
Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми вели дека претставувањето на законот како успех е симболична приказна во која што на актерите им е потребно да покажат некаков напредок.
„Тоа е со проблематичен квалитет затоа што ние допрва треба да видиме дали овој концепт со којшто сега се оди во Собрание низ судската пракса нема да се покаже како попогубен за слободата на изразување отколку досегашното решение. На тој закон во моментов му е потребна генерална преработка. Значи добар е принципот да се декриминализира клеветата, меѓутоа вие ако ја декриминализирате клеветата, тогаш декриминализирајте ја на таков начин да ги обесхрабрите оние што се спремни да тужат новинари или да тужат медиуми како форма на притисок врз нив“, вели Беличанец.
Претседателот на ЗНМ Насер Селмани вели дека за решенијата на законот очекуваат да се води отворена и аргументирана расправа со цел заеднички да се идентификуваат слабостите. Според него, целта на неговото донесување ќе се постигне само ако сите засегнати страни почнат да ги менуваат нивните навики.
„Носителите на јавни функции да разберат дека мора да ги издржат критиките од јавноста и тогаш кога тие сметаат дека се претерани. Судиите исправно да го применат законот, а ние новинарите да покажеме поголема посветеност кон почитување на професионалните стандарди и етика“, вели Селмани.
Според Беличанец, законот не треба да се сведе само на техничко решавање на проблемот.
„Тоа служи како супститут за недостиг на еден реален процес, прво. Второ, едно реално сфаќање на слободата на изразување како вредност и едно разбирање дека демократијата може да функционира само со слободни медиуми коешто е демонстрирано за жал во овие 20 години од сите политички партии во Македонија. Македонија има страотен проблем со политиките коишто политичките актери во државата ги спроведуваат во таа сфера и затоа таа е таква каква што е“, вели Беличанец.
Селмани додава дека успехот нема да биде целосен ако владата не постапува по другите прашања во дијалогот со ЗНМ.
„Пред се мислиме на владините кампањи, социјалните права на новинарите, реформата на јавниот сервис и секако зголемување на транспарентноста на институциите. Нема да бидам искрен кон себе и кон сите вас ако не речам дека во текот на овој дијалог имаше и проблеми“, вели Селмани.
Според ЗНМ, резултат има, а Владата покажа дека работи на европската агенда. Експертите забележуваат дека тие биле вклучени во процесот само колку да се покаже дека учествувале.
Значи добар е принципот да се декриминализира клеветата, меѓутоа вие ако ја декриминализирате клеветата, тогаш декриминализирајте ја на таков начин да ги обесхрабрите оние што се спремни да тужат новинари или да тужат медиуми како форма на притисок врз нив.Роберто Беличанец, Центар за развој на медиуми.
Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми вели дека претставувањето на законот како успех е симболична приказна во која што на актерите им е потребно да покажат некаков напредок.
„Тоа е со проблематичен квалитет затоа што ние допрва треба да видиме дали овој концепт со којшто сега се оди во Собрание низ судската пракса нема да се покаже како попогубен за слободата на изразување отколку досегашното решение. На тој закон во моментов му е потребна генерална преработка. Значи добар е принципот да се декриминализира клеветата, меѓутоа вие ако ја декриминализирате клеветата, тогаш декриминализирајте ја на таков начин да ги обесхрабрите оние што се спремни да тужат новинари или да тужат медиуми како форма на притисок врз нив“, вели Беличанец.
Носителите на јавни функции да разберат дека мора да ги издржат критиките од јавноста и тогаш кога тие сметаат дека се претерани. Судиите исправно да го применат законот, а ние новинарите да покажеме поголема посветеност кон почитување на професионалните стандарди и етика.Насер Селмани, претседател на ЗНМ.