Градоначалникот на Аеродром ги прераспредели учениците Албанци од повеќе паралелки да учат во една училница. Истото го направија градоначалниците на Чаир и на Сарај со учениците Македонци.
Откако градоначалникот на Аеродром Коневски ги прераспредели учениците Албанци од повеќе паралелки да учат во една училница, со образложение дека за тоа имале одобрение од Министерството, сега истото, како одговор, на своја одговорност, го направија градоначалниците на Чаир и на Сарај. Ваквите провокации и потези не се нови, но ќе донесат штетни резултати, пред сè за образовниот систем, коментираат експертите.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование, посочува дека се работи за тоа дека системот е децентрализиран и оти не постои логика едни делови да се поврзуваат со други и да постојат конфликти како сега што се случува меѓу одделни општини. Тој нагласува дека комуникацијата меѓу локалните власти треба да оди преку централната со почитување на вообичените принципи.
„Ваквото однесување може да стане дивергентно и за општеството, а пред сè за образовниот систем. Тој систем треба да ги учи учениците на разбирање и заедничко живеење, а не да претставува извор на дополнителни конфликти.“
Експертите очекуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ДУИ кои ги вовлекуваат децата во нивните игри и очекуваат тие да ги решаваат проблемите, наместо постојано да ги продлабочуваат, обидувајќи се да и вратат на другата страна. Во овој момент се создаваат непотребни потреси кај учениците, непотребни турбуленции, префрлање од една на друго место, коментира Новковски.
„Она што понатаму ќе се случи е да се наруши стабилноста на системот, не се почитуваат основните правила и секако она што веќе кажав, тоа е лошо воспитно влијание, зашто оние што треба нив да ги воспитуваат како правилно да се однесуваат го прават токму спротивното.“
Свое мислење има и Владо Димовски од Центарот за меѓуетнички односи. Иако седат заедно во власта, ВМРО–ДПМНЕ и ДУИ на терен ги разгоруваат меѓуетничките тензии, реагира тој. Ова се прави затоа што немаат решенија за растечката сиромаштија и невработеност, постојаните поскапувања на основните продукти и произведуваат нови теми на ним добро познатиот терен на националистички препирки, во кои се чувствуваат комотни, смета Димовски.
„Ова што се случува со преименувањето на училиштата во Чаир е резултат на комоцијата на другиот владин партнер со промената на улиците итн., за кои сметам дека нема согласност од својот коалиционен партнер. Она што загрижува е тоа што ни едните ни другите не преземаат одредени чекори. Се оди по системот - кучињата си лаат, карванот си врви.“
Во тек на она што се случува на локално ниво во Аеродром десет дена учениците Албанци ја бојкотираат наставата. Додека ова се случува, бистата на Јане Сандански и уште на неколку други македонски херои се тргнати од училиштата во Чаир. Опозицијата даде коментар партиите да се вразумат пред, како што нагласија, да се доведеме во ситуација како порано да се испраќаат полицајци по автобусите, или да се ставаат нови забрани за движење како на Калето.
Она што понатаму ќе се случи е да се наруши стабилноста на системот, не се почитуваат основните правила и секако она што веќе кажав, тоа е лошо воспитно влијание, зашто оние што треба нив да ги воспитуваат како правилно да се однесуваат го прават токму спротивното.Ненад Новковски, поранешен министер за образование.
Ненад Новковски, поранешен министер за образование, посочува дека се работи за тоа дека системот е децентрализиран и оти не постои логика едни делови да се поврзуваат со други и да постојат конфликти како сега што се случува меѓу одделни општини. Тој нагласува дека комуникацијата меѓу локалните власти треба да оди преку централната со почитување на вообичените принципи.
„Ваквото однесување може да стане дивергентно и за општеството, а пред сè за образовниот систем. Тој систем треба да ги учи учениците на разбирање и заедничко живеење, а не да претставува извор на дополнителни конфликти.“
Ова што се случува со преименувањето на училиштата во Чаир е резултат на комоцијата на другиот владин партнер со промената на улиците итн., за кои сметам дека нема согласност од својот коалиционен партнер. Она што загрижува е тоа што ни едните ни другите не преземаат одредени чекори. Се оди по системот - кучињата си лаат, карванот си врви.Владо Димовски, Центар за меѓуетнички односи.