Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски вели дека децентрализацијата е доведена во ќорсокак или е во фаза на застој.
Децентрализацијата, како еден од главните демократски столбови во нашето општество, е доведена во ќорсокак или е во фаза на застој. Поточно фискалната децентрализација како една од основните причини за децентрализација на нашето општество, вели Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
„Исто така и Законот за рамномерен регионален развој не функционира веќе четврта година што беше и основа и забелешка на Европската комисија, на меѓународниот мониторинг за подобрување на економскиот развој ,климата и условите и разввој на општините.“
Дамјановски забележува и за Законот за јавниот долг:
„Законот за јавниот долг исто така не функционира, особено за општините кои имаат градоначалници и совети од опозиција. Дефинитивно ниедна од нашите општини на барањето за кредитни задолжувања и обврзници една година немаме добиено ниту одговор. И тоа премостување кое државата го направи со наменските дотации, тие не се плаќаат редовно, се отстапува од буџетската динамика, а особено не се следат разликите во енергетиката, горивата.“
Најголем проблем, вели Дамјановски, е во образованието, со дефицит од дотации само во тековното одржување.
„Повеќе од еден милион ипол евра само за Куманово за течните горива. За превозот е голема ставка околу 50-60 милиони денари, зборувам прогностички до крајот на годината. Значи со ваква фискална политика на државата локалните самоуправи не само во Куманово, туку генерално сите ќе се доведат до еден ќорсокак во однос на финансиското и буџетскот работење, бидејќи сме принудени изворните приходи на општината кои се наменети за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и градење и реновирање на инфраструктурните проекти да ги пренаимениме и насочиме во санирањето на дубиозите на трансферираните надлежности на државата во образованието, социјалата и културата.“
Според Дамјановски, тоа не била целта на децентрализацијата, на фискалната. Тоа резултира со оневозможување на спроведување на законите за она за што тие се донесени:
„За економски подем, развој и издвојување на локалната и регионалната политика како автохтоната во креирање на економскиот развој.“
Недонесување на одлуката за јавно-приватно партнерство за „Куманово-гас “и политичките несогласувања на одредени советници од СДСМ, Дамјановски го толкува вака:
„Тоа е мотивирано од политичка генеза на поединци кои беа незадоволни од одлуката за кандидатурата за наредниот изборен циклус на локални избори. Тоа е емотивна одлука која во наредниот период ќе биде регулирана или вратена назад. Бидејќи не можеме да направиме брз развој на гасификацијата без свеж капитал и тоа е повеќе од јасно и тоа го знаат и тие кои го гласаа тоа како негатива.“
Меѓутоа, Дамјановски вели:
„Куманово-гас“ е фирма која шеста година веќе има своја развојна програма,процесот оди бавно бидејќи средствата од општинскиот буџет не се доволни да го направи целиот капацитет на зацртаната програма за гасификација на целата мрежа. Буџетските средства не се така екстензивни и затоа одиме регион по регион. Досега имаме покриено над 25 посто од зацртаната 140 километарска мрежа.“
Со зголемување на цената на струјата, Дамјановски очекува нови приклучувања на гасоводната мрежа и нови приходи за претпријатието кое ќе може да го забрза процесот без друг капитал.
Тој смета дека „Куманово- гас“ е единствена фирма од таков вид во Макеоднија која направила дистрибутивна мрежа во Општината и забележува:
„Се зборува често Струмица, Куманово, но сметам дека Струмица има сосема друг модел на гасификација кој не е компатибилен со оваа мрежа. Ова е тип на гасификација кој овозможува континуирна набавка и напојување на мрежата.“
Затоа Дамјановски и го препорачува овој модел на гасификација и на останатите општини, како најголем бенефит посочувајќи ја енергетската ефикасност.
Исто така и Законот за рамномерен регионален развој не функционира веќе четврта година што беше и основа и забелешка на Европската комисија, на меѓународниот мониторинг за подобрување на економскиот развој ,климата и условите и разввој на општините.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
„Исто така и Законот за рамномерен регионален развој не функционира веќе четврта година што беше и основа и забелешка на Европската комисија, на меѓународниот мониторинг за подобрување на економскиот развој ,климата и условите и разввој на општините.“
Дамјановски забележува и за Законот за јавниот долг:
„Законот за јавниот долг исто така не функционира, особено за општините кои имаат градоначалници и совети од опозиција. Дефинитивно ниедна од нашите општини на барањето за кредитни задолжувања и обврзници една година немаме добиено ниту одговор. И тоа премостување кое државата го направи со наменските дотации, тие не се плаќаат редовно, се отстапува од буџетската динамика, а особено не се следат разликите во енергетиката, горивата.“
Повеќе од еден милион ипол евра само за Куманово за течните горива. За превозот е голема ставка околу 50-60 милиони денари, зборувам прогностички до крајот на годината. Значи со ваква фискалната политика на државата локалните самоуправи не само во Куманово, туку генерално сите ќе се доведат до еден ќорсокак во однос на финансиското и буџетскот работење, бидејќи сме принудени изворните приходи на општината кои се наменети за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и градење и реновирање на инфраструктурните проекти да ги пренамениме и насочиме во санирањето на дубиозите на трансферираните надлежности на државата во образованието,социјалата и културата.Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.