Намалувањето на стопанската активност на фирмите ќе значи и отпуштање на работници и намалување на платите.
По две тримесечија негативен раст на Бруто домашниот производ, македонската економија западна во рецесија. Државниот завод за статистика денеска објави дека во второто тримесечие годинава стапката на раст на Бруто домашниот производ изнесува -0,9 проценти, што следи по негативната стапка од 1,4 отсто во првиот квартал.
Може да се очекува намалена активност на стопанството и застој во нови вработувања, како и кратење на работни места, велат познавачите. Професор Зоран Ивановски вели дека опасноста е намалена економска активност и евентуално влегување во спирала.
„Тоа ќе значи, освен намалување на активноста на компаниите, претпоставувам и намалување на бројот на вработените, намалување на можностите за нови вработувања, затоа што обично во услови на рецесија инвеститорите повеќе апстинираат од нови инвестиции, а само тие се можност или прилика за намалување на стапката на невработеност. Рецесијата може да се преслика и на нивото на доходи на населението, значи освен на компаниите, секако и на населението, што директно после може да се преслика и на животниот стандард.“
Нема сомнение дека излезот е во зголемените државни инвестиции, вели Ивановски.
„Забрзување на економијата со навремена исплата на обврските, долговите на државата по сите основи и реков, зголемување на инвестициите во оние гранки кои се пропулзивни и кои значат поголемо ангажирање на домашната економија и кои генерално на долг рок ќе носат прилив“, вели Ивановски.
Македонската економија има проблеми, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори
„Се разбира, ако влеземе во рецесија тоа негативно ќе се одрази на реалниот сектор, ќе се намалат инвестициите, ќе се отпуштаат работници итн.“
Надворешните влијанија секако имаат ефект врз македонската економија, вели Чекреџи.
„Тие се секако големи затоа што нашите главни трговски партнери, некои се во криза, некои се на граница на криза или се со многу мал раст и треба да се анализираат и внатрешните услови, тука пред сè сметам на мерки за подобрување на ликвидноста, на зголемување на домашната потрошувачка итн., кои би биле елементи кои може да ја пресретнат кризата.“
Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија и тоа од 6.9 отсто. Падот во градежништвото се проценува на 5.1 проценти според податоците на Државниот завод за статистика. Рецесијата подразбира две последователни тримесечија на негативен раст на Бртуто домашниот производ.

Тоа ќе значи, освен намалување на активноста на компаниите, претпоставувам и намалување на бројот на вработените, намалување на можностите за нови вработувања, затоа што обично во услови на рецесија инвеститорите повеќе апстинираат од нови инвестиции, а само тие се можност или прилика за намалување на стапката на невработеност. Рецесијата може да се преслика и на нивото на доходи на населението, значи освен на компаниите, секако и на населението, што директно после може да се преслика и на животниот стандард.Зоран Ивановски, универзитетски професор.