Можната рецесија ќе има негативни ефекти на македонската економија, велат дел од упатените по изјавата на министерот за финансии Зоран Ставрески дека во услови кога кризата во Европа кулминира не може да се исклучи ниту едно сценарио. Опозиционерите забележуваат дека владата и понатаму троши за непродуктивни работи.
Д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии појаснува дека рецесијата подразбира негативна стапка на раст во два последователни квартала.
„Генерално претполагам дека сака да се каже дека е можно оваа година Македонија да нема некоја значителна позитивна стапка на раст, па дури е можно и да биде негативна. Тоа е доста да кажам остро свртување во однос на она што се очекуваше во последните неколку квартали, што значи дека оваа и домашна и регионална криза ќе ја зафати и Македонија.“
Негативните ефекти ќе се почувствуваат на пазарот на трудот каде, според Глигоров, „не цветаат рози“.
„Ќе има проблем и со додатно кредитирање, бидејќи нема во што да се вложува и конечно ќе има проблем со јавните финансии, бидејќи и сега каматите на евентуално задолжување на државата се високи, без оглед на тоа што Македонија нема толку голем јавен долг како другите земји, но цената по која може да се финансира е доста голема.“
Министерот Ставрески изјави дека се работи на изнаоѓање на решенија и адекватни политики и мерки за сите сценарија.
Потпретседателот на опозициската СДСМ Зоран Јовановски вели дека она што сега се случува во економијата не е изненадување, додавајќи дека првите сигнали се јавиле минатата година.
„Наместо сериозно да пристапи, владата го замајуваше народот со тотално погрешни проекти за тоа што ќе се случува во 2012 година. Се сеќаваме на онаа катастрофална проекција дека растот ќе бил 4,5 проценти, за да потоа со текот на времето сето тоа владата го менува како став.“
Работата сега не оди на арно, вели Јовановски.
„Она што најмногу загрижува е што и покрај тоа, владата не менува ништо во своето однесување. И понатаму продолжува да троши големи износи за тотално непродуктивно намени, наместо парите од буџетот да ги пренасочи за цели коишто ќе помогнат полесно да се преброди овој тежок период низ којшто поминуваме.“
Кон ова и информацијата дека индустриското производство во јуни годинава се намалило за 4,1 отсто во однос на истиот месец лани.
Генерално претполагам дека сака да се каже дека е можно оваа година Македонија да нема некоја значителна позитивна стапка на раст, па дури е можно и да биде негативна. Тоа е доста да кажам остро свртување во однос на она што се очекуваше.Владимир Глигоров, Виенскиот институт за економски студии.
Д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии појаснува дека рецесијата подразбира негативна стапка на раст во два последователни квартала.
„Генерално претполагам дека сака да се каже дека е можно оваа година Македонија да нема некоја значителна позитивна стапка на раст, па дури е можно и да биде негативна. Тоа е доста да кажам остро свртување во однос на она што се очекуваше во последните неколку квартали, што значи дека оваа и домашна и регионална криза ќе ја зафати и Македонија.“
Негативните ефекти ќе се почувствуваат на пазарот на трудот каде, според Глигоров, „не цветаат рози“.
Она што најмногу загрижува е што и покрај тоа, владата не менува ништо во своето однесување. И понатаму продолжува да троши големи износи за тотално непродуктивно намени, наместо парите од буџетот да ги пренасочи за цели коишто ќе помогнат полесно да се преброди овој тежок период низ којшто поминуваме.Зоран Јовановски, СДСМ.