По три дена обидување, Собранието денеска го донесе Законот за следење на комуникациите. Во меѓувреме Собраниската Комисија за труд и социјална политика најави дека од денеска ќе заседава секој ден без пауза, ќе работи и по 18 часот, а ќе се бара дозвола и за заседавање и во петок и во сабота, со цел што поскоро да мине Предлог-законот за посебните права на бранителите.
Покрај процедурални забелешки проследени со довикувања и меѓусебно препукување околу тоа кој повеќе ги почитува европските определби, а кој сака меѓуетнички тензии, Собранието продолжи со работа заедно со опозиционерите, кои на претходната седница ја имаа напуштено салата.
Пратеникот на СДСМ Игор Ивановски, во процедурална забелешка изрази подршка за измените на Законот за следење на комуникациите.
„И Вие и јавноста треба да знае дека тој закон ќе биде донесен само заради нашата вистинска, цврста определба Македонија да прогресира кон ЕУ. Инаку да оставевме смао на Вас тоа немаше да биде случај.“
Горан Мисовски од НСДП ја прозва власта за фингирање на криза во законодавниот дом.
„Додека вие фингирате криза, граѓаните на Република Македонија живеат се посиромашно. Македонија живее во мизерија.“
На јавноста и должите објаснување за вашите претходни постапки, изјави Силвана Бонева од владејачката ВМРО–ДПМНЕ.
„Должите одговор зошто бегавте од гласање на европски закон во момент кога сите политички партии и од албанскиот и од македонскиот блок и од сите етнички заедници беа внатре во Собранието. Дали целта ви беше креирање меѓуетнички тензии и пад на Владата, пад на парламентарното мнозинство?“
Не изостанаа ни нови најави за блокади, овој пат од пратеникот Изет Зеќири од НДП, поради прекината процедурална забелешка. Тој рече дека ќе ја блокира работата на Парламентот , ако не му се даде можност да се доискаже.
Во меѓувреме, претседателот на Комисијата за труд и социјална политика Цветанка Иванова најави секојдневни заседанија без пауза
„Со што поефикасно ќе заврши расправата во матичното тело по Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и членовите на нивните семејства.“
На петтото продолжение на седницата на Комисијата, пратеникот Талат Џафери беше единствениот кој зборуваше за законот и тоа повеќе од половина час.
Додека вие фингирате криза, граѓаните на Република Македонија живеат се посиромашно. Македонија живее во мизерија.Горан Мисовски, НСДП.
Пратеникот на СДСМ Игор Ивановски, во процедурална забелешка изрази подршка за измените на Законот за следење на комуникациите.
„И Вие и јавноста треба да знае дека тој закон ќе биде донесен само заради нашата вистинска, цврста определба Македонија да прогресира кон ЕУ. Инаку да оставевме смао на Вас тоа немаше да биде случај.“
Горан Мисовски од НСДП ја прозва власта за фингирање на криза во законодавниот дом.
Должите одговор зошто бегавте од гласање на европски закон во момент кога сите политички партии и од албанскиот и од македонскиот блок и од сите етнички заедници беа внатре во Собранието. Дали целта ви беше креирање меѓуетнички тензии и пад на Владата, пад на парламентарното мнозинство.Силвана Бонева, ВМРО–ДПМНЕ.