Металурзите ќе може да сметаат на 30 милиони евра од кредитната линија на Европската инвестициона банка и дополнителен петгодишен рок за добивање еколошка дозвола.
Позитивен ефект ќе имаат мерките кои што владата ги предложи за поддршка на индустријата, бидејќи ќе им се овозможи на компаниите подобро да функционираат во време на светска криза, велат упатените. Металурзите ќе може да сметаат на 30 милиони евра од кредитната линија на Европската инвестициона банка и дополнителен петгодишен рок за добивање еколошка дозвола. Покрај ова, ќе се работи и на решавање на сопственоста на земјиштето на компаниите кај поранешна Железарница, ќе се планира производството и потрошувачката на електричната енергија и ќе се модернизира железничката инфраструктура.
Директорот на Макстил Александар Панов вели дека мерките се добредојдени, особено периодов кој им е најтежок од основањето на компанијата.
„Мислам дека овие мерки се навистина позитивни и ние ги поздравуваме и во ова кризно време ќе се почувствува преку извозот и преку БДП-то, бидејќи ние сме влијателни чинители и во извозниот дел и во учеството во БДП-то на државата. Особено очекуваме во наредната 2013 година малку и Европа да закрепне, ќе се зголеми обемот на работа, ќе има големи позитивни ефекти и тоа ќе го почувствуваме многу брзо.“
И според Пеце Ристевски од синдикатот за енергетика, индустрија и рударство неспорно е дека мерките ќе имаат свој придонес во работењето на компаниите.
„Првично, мерките оставаат впечаток дека дефинитивно и големите извозно ориентирани компании, во случајот металургијата, може да очекуваат директна помош од владата. Неспорно е дека може да се очекуваат позитивни ефекти од овие мерки.“
Ристевски додава дека корисно би им било на компаниите во иднина да не бидат лишени од цената на електричната енергија која ја добиваат останатите потрошувачи.
„Законот за енергетика си го направи своето, дали постои можност за враќање назад на одреден период, значи овие компании како големи потрошувачи дел од струјата да ја добиваат по домашна цена, односно од домашни извори би било конкретна мерка.“
Во секој случај металурзите се задоволни и се согласни дека мерките кои ќе бидат преземени се оние кои им биле најпотребни за да ја пребродат кризата.
Мислам дека овие мерки се навистина позитивни и ние ги поздравуваме и во ова кризно време ќе се почувствува преку извозот и преку БДП-то, бидејќи ние сме влијателни чинители и во извозниот дел и во учеството во БДП-то на државата. Особено очекуваме во наредната 2013 година малку и Европа да закрепне, ќе се зголеми обемот на работа, ќе има големи позитивни ефекти и тоа ќе го почувствуваме многу брзо.Александар Панов, Макстил.