Времето за да покажеме каква иднина сакаме доаѓа сега, не смееме да дозволиме да не’ обликуваат како пластелин со скапата пропаганда. Спротивно на тоа мораме сите да излеземе на улица и да го кренеме својот глас и да се избориме за сопственото право за подобар живот пишува за РСЕ Претседател на Социјалдемократската младина на Македонија Дарко Давитковски.
Изминативе две години социјални немири и протести зачестено ја тресат цела Европа и половина свет. Тектонските социјални промени во Европа влијаат врз граѓаните масовно да излезат на улиците и да се борат за нивните права. Причините за последниот бран протести се социо-економските услови во државите. Без разлика дали се наметнати нови мерки на штедење или имаат нов понеповолен план за државното здравство поводот е даден.
Протестите и револтот се префрлуваат од земја во земја, од град во град, не бирајќи при тоа ни време ни место. Од Блискиот Исток, САД, Шпанија и Грција се пренесоа и во Источна Европа. Големи протести беа одржани во Унгарија, Бугарија и Романија.
Движењето што се појавува и пред се шири на социјалните мрежи голем дел од аналитичарите се согласуваат дека има хетероген и помалку збунувачки карактер, бидејќи протести се организираат од најразлични причини кои варираат од борбата за подобри работни места, студентски стандард, носење на измени во здравствениот систем или едноставно политички протести против режимот на власта.
И сега од кога ги набројав сите причини си велам со мала доза на возбуда, па ние ги имаме сите овие причини, кај нас дури се’ многу повеќе. Овие во Европа се борат против сиромаштијата, а ние сме најсиромашни и најмизерни за 2011 и 2012, дури имаме и потврда за тоа од угледни светски институции и организации.
Додека во Романија почнаа протестите заради измени во здравството кај нас сме во 6 годишна експериментална фаза во пронаоѓање на систем по кој би функционирале, а заглавувавме се повеќе и повеќе, па затоа и смртноста на новороденчиња е најголема во Европа. Комшииве протестираат против мерки за штедење, ние немаме штедење во време на криза, си градиме споменици и музеи. Ако едните се борат за подобри работни места, ние не само што немаме подобри работни, туку немаме никакви работни места затоа што и таму сме шампиони со најголема стапка на невработеност во Европа и една од поголемите во светот.
Ситуацијата го помина прагот на црвената линија, ама изгледа дека граѓаните во Македонија се навикнати да преживуваат. Секојдневно слушам поплаки и кукања од многу луѓе колку е тешко и како не се живее повеќе и никој не прави ништо. Ако случајно ги прашате дали биле на протестите против поскапување на струјата, ете ги организираат граѓани загрижени за цените, одговорот најчесто ќе биде од типот „го утнав вчера, ама наредна недела сигурно идам“. И така секоја наредна ќе чекаме некој друг да ја заврши работата.
За младите ми е уште потешко кога зборувам. Не можам да се изначудам како секоја наредна генерација на млади може да се чувствува се’ повеќе и повеќе конформистички во однос на битни егзистенцијални прашања. Како се’ да е обезбедено за животот, работата е тука, се чека само факултет да завршиш ти и останантите 99 посто од упишани млади на факултети. И додека траеја протестите против полициска бруталност и новите организирани против поскапувањето на струјата, ќе видиш голем број на млади луѓе како уживаат во своето кафе по кафулињата и како разговараат дека не ја бива државата.
Секогаш и секаде младите ги поттикнувале општествените промени во светот. Се плашам дека ако ја прокоцкаме шансата да покажеме дека знаеме да се бориме ќе остаиме лоша иднина за нас и нашите поколенија. Времето за да покажеме каква иднина сакаме доаѓа сега, не смееме да дозволиме да не’ обликуваат како пластелин со скапата пропаганда. Спротивно на тоа мораме сите да излеземе на улица и да го кренеме својот глас и да се избориме за сопственото право за подобар живот.

Додека во Романија почнаа протестите заради измени во здравството кај нас сме во 6 годишна експериментална фаза во пронаоѓање на систем по кој би функционирале, а заглавувавме се повеќе и повеќе, па затоа и смртноста на новороденчиња е најголема во Европа.