За рускиот претседател Владимир Путин се шират гласини дека бил меѓу најбогатите луѓе во светот со имот вреден десетици милијарди долари. Тој тоа жестоко го демантира, но извештајот објавен вчера го сугерира токму спротивното.
Во извештајот, со саркастичен наслов „Животот на роб на галија“, според она како претседателот Владимир Путин го опиша неговиот мандат, руските опозициски лидери прават попис на исклучителното ширење на претседателските привилегии за 12-те години откако за прв пат стана шеф на државата.
Станува збор за голем број палати, авиони, бродови и автомобили. Меѓу 20 резиденции кои му се на располагање се: Палатата Констанца, царски имот на Финскиот Залив кој чини десетици милиони долари, скијачкиот центар на Кавказ и готската палата во Москва. Претседателот на располагање има и 15 хеликоптери, 4 јахти и 43 авиони, вклучувајќи го и претседателскиот во кој има позлатен мебел. Само флотата на летала чини над милијарда долари.
Ова е во спротивност со можностите на најмалку 20 милиони луѓе кои тешко спојуваат крај со крај, велат авторите на извештајот: Борис Немцов, поранешен заминик премиер кој неколку пати е затворан под различни обвинувања и Леонид Мартињук, член на движењето „Солидарност“.
„Јас не се согласувам со тврдењето дека располагањето на овој државен имот за луксузните потреби на едно лице е нормално. Мислам дека тоа е неморално, криминално и неприфатливо во една сиромашна земја“, вели Мартињук.
Извештајот е илустриран со големи фотографии на зглобот на Путин на кој при појавувањето во јавноста има различни прескапи часовници, попрецизно 11, и чија вредност е над 687 илјади долари, шест пати повеќе од неговата годишна плата.
„Неговиот животен стил може да се споредува со оној на некој монарх од Персискиот Залив“, заклучуваат авторите на извештајот во кој сепак, не се задржуваат на прашањето на личното богатство на Путин за кое се вели дека не е толку големо како што некои сугерираат.
Причината што цврсто се држи до моќта е атмосферата на богатство и луксуз што доѓаат со неа и категорично одбива да се раздели од тоа.
Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков за весникот „Комерсант“ изјави дека резиденциите, авионите и автомобилите биле во владина сопственост и оти претседателот ги користи според предвидените закони и правила.
„Тој може да донесе кого сака во претседателските резиденции. Она на што го кажуваме е дека тој целосно го контролира овој имот за кој руските даночни обврзници плаќаат по 85 милијарди рубљи или две ипол милијарди долари годишно“, наведува Борис Немцов.
За волја на вистината, во моменти на правичност, страста за часовници Путин ја споделува со други. На двапати тој е снимен како го симнува часовникот од рака за да му го даде на некој од оние што поздравуваат. Станува збор за едно дете и за еден работник кои добија часовници во вредност од, како што проценува Немцов, 9 илјади долари.
„Не сум засрамен пред граѓаните кои два пати гласаа за мене“, изјави Владимир Путин во 2008 година, додавајќи:
„Сите овие години се трудев како роб на галија, од утро до вечер.“
Станува збор за голем број палати, авиони, бродови и автомобили. Меѓу 20 резиденции кои му се на располагање се: Палатата Констанца, царски имот на Финскиот Залив кој чини десетици милиони долари, скијачкиот центар на Кавказ и готската палата во Москва. Претседателот на располагање има и 15 хеликоптери, 4 јахти и 43 авиони, вклучувајќи го и претседателскиот во кој има позлатен мебел. Само флотата на летала чини над милијарда долари.
Тој може да донесе кого сака во претседателските резиденции. Она на што го кажуваме е дека тој целосно го контролира овој имот за кој руските даночни обврзници плаќаат по 85 милијарди рубљи или две ипол милијарди долари годишно.Борис Немцов, поранешен заминик премиер и коавтор на извештајот за богатството на Путин. .
Јас не се согласувам со тврдењето дека располагањето на овој државен имот за луксузните потреби на едно лице е нормално. Мислам дека тоа е неморално, криминално и неприфатливо во една сиромашна земја.Леонид Мартињук, коавтор на извештајот за богатството на Путин.