На новогодишната ноќ 1999 година, рускиот претседател Борис Елцин му ја предаде власта на својот премиер Владимир Путин, кој беше вршител на должноста претседател додека не победи на предвремените избори во март 2000. Во 1990 година, Путин ја започна својата политичка кариера во канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург Анатолиј Собчак каде што остана се додека Собчак не загуби на изборите во 1996 година, по што тој и се приклучи на администрацијата на Елцин.
Владимир Путин: Раните години

1
Владимир Путин, претседател на Комиетот за надворешни односи на Санкт Петербург 20 август, 1991 година.

2
Владимир Путин и градоначалникот на Санкт Петерсбург Анатолиј Собчак во Санкт Петербург, на 28 септември 1992 година.

3
Путин на церемонијата за отворање продавница за електроника во Санкт Петербург на 29 април 1993.

4
Путин гледа во автомобил Хонда за време на церемонијата во Санкт Петербург на 29 април, 1993 година.