Владините роуд шоуа се потребни за привлекување на странски инвеститори, но начинот на кој се организираат е неефективен, сметаат дел од упатените.
Владините роуд шоуа се потребни за привлекување на странски инвеститори, но начинот на кој се организираат е неефективен, сметаат упатените, дел од кои не се оптимисти дека посетата на Соединетите Американски Држави ќе донесе свеж странски капитал во земјава.
Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека претходно владините роуд шоуа донеле само најави.
„Треба да очекуваме можеби само ист таков интерес и од САД. Добро би било кога би имало навистина конкретни вложувања во нашата земја зашто секоја странска инвестиција е добредојдена, меѓутоа не сум многу голем оптимист за тоа.“
Доколку имало заинтересирани инвеститори досега ќе дојдеа во нашата земја, вели Хаџимустафа.
„Не очекувам дека ќе има некоја значителна промена во однос на инвестирањето во нашата земја, особено имајќи ги предвид движењата во светската економија, така што не знам колку ние сме атрактивни во моментов, со сето опкружување што го имаме, со одредени проблеми коишто ги има нашата земја на надворешно политички план, така што не сум голем оптимист дека ќе има некоја значителна промена во тој дел“, вели таа.
Привлекувањето на странски инвеститори е многу комплексна работа и во рамките на тој процес многу држави организираат роуд-шоу презентации, вели професор Никола Поповски, кој додава дека нашата влада прави пропусти во презентацијата.
„Прво се на многу високо ниво, премиер и вицепремиери ги водат, тоа може да остави впечаток на држава која очајно бара инвестиции, значи превисоко е нивото, тоа треба да се спушти на техничко ниво и наместо роуд шоу од еден час треба да се биде поупорен кај оние кај кои се претпоставува дека може да инвестираат во Македонија, значи да има голема селекција, инаку роуд шоу на кое премиерот настапува пред 300 стопанственици во некој регион во Италија, па тие слушаат и си одат, тоа најчесто завршува така што тие се обидуваат нешто да и продадат на Македонија.“
Имајќи го предвид претходното искуство, може да се очекуваат инвестиции од блиски земји, вели Поповски.
„Така што не мислам дека се многу битни, но од друга страна не мислам дека не треба да постојат. Роуд шоуа се прават и кога се издава обврзница или за други презентации, но на толку високо ниво, со толку многу стопанственици, без фокус, знаете кога ќе ги соберете сите, од метална, од хемиска, од текстилна, од компјутерска индустрија, сите заедно, некако мислам дека нема да се постигне некоја голема цел“, вели Поповски.
За време на новото 10-дневно роуд шоу, владина делегација ќе ги посети Монтреал и Торонто во Канада и уште четири градови во САД.
Не очекувам дека ќе има некоја значителна промена во однос на инвестирањето во нашата земја, особено имајќи ги предвид движењата во светската економија, така што не знам колку ние сме атрактивни во моментов, со сето опкружување што го имаме, со одредени проблеми коишто ги има нашата земја на надворешно политички план.Шенај Хаџимустафа, Центар за економски анализи.
Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи вели дека претходно владините роуд шоуа донеле само најави.
„Треба да очекуваме можеби само ист таков интерес и од САД. Добро би било кога би имало навистина конкретни вложувања во нашата земја зашто секоја странска инвестиција е добредојдена, меѓутоа не сум многу голем оптимист за тоа.“
Доколку имало заинтересирани инвеститори досега ќе дојдеа во нашата земја, вели Хаџимустафа.
„Не очекувам дека ќе има некоја значителна промена во однос на инвестирањето во нашата земја, особено имајќи ги предвид движењата во светската економија, така што не знам колку ние сме атрактивни во моментов, со сето опкружување што го имаме, со одредени проблеми коишто ги има нашата земја на надворешно политички план, така што не сум голем оптимист дека ќе има некоја значителна промена во тој дел“, вели таа.
Прво се на многу високо ниво, премиер и вицепремиери ги водат, тоа може да остави впечаток на држава која очајно бара инвестиции, значи превисоко е нивото, тоа треба да се спушти на техничко ниво и наместо роуд шоу од еден час треба да се биде поупорен кај оние кај кои се претпоставува дека може да инвестираат во Македонија, значи да има голема селекција.Никола Поповски, универзитетски професор, поранешен министер за финансии.