Се чини дека целта на постоење на организации кои ќе бидат етички коректив на власта во едно општеството кај нас не е баш добро сфатена. Последните истражувања на јавните мислења покажуваат дека мнозинството граѓани сметаат дека граѓанските асоцијации се средство за остварување на личните интереси и истите се под големо влијание на политичките партии.
Време е граѓанските организации да го кренат гласот и да покажат дека не треба да бидат заобиколени, туку треба да бидат почитувани како еден од најголемите ресурси на земјата во овие времиња. Време е граѓанските организации да се откажат од формалните места во лажни комисии и да се поврзат со луѓето. Време е да се поврземе и да работиме заедно на заедничките проблеми за доброто на сите граѓани на Република Македонија. Неодамна, со овој апел Џабир Дерала од невладината „Цивил“, ги повика сите невладини организации да се солидаризираат и да се обединат во борбата за човековите права и слободи, демократијата и владеењето на правото, секојдневниот живот на граѓаните.
Недоверба во невладините организации
Иако неофицијално постојат околу 9.000 невладини организации во земјава, се проценува дека само 10 отсто од нив работат поактивно. Поголемиот број од нив по кратко постоење престанале да работат, а како причина за тоа се наведуваат финансиските проблеми. Според последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведено минатата година, дел од граѓаните гледаат на граѓанските организации како на средство за остварување на личните интереси, „диригирани“ од странски држави и злоупотребувани од политички партии. Мнозинство од 51,3 %
сметаат дека политичките партии ги присвојуваат нивните ставови кога им се потребни, а кога немаат интерес ги осудуваат како блиски до другите, додека за скоро секој четврти граѓанин, граѓанските организации служат како гласноговорници на политичките партии. И покрај ова, малцинство од испитаниците можеле да наведат конкретна организација зад која сметаат дека стои политичка партија. Повисока од општата доверба имаат организациите кои работат со деца, млади и студенти, на лицата со посебни потреби, на жени и родови прашања, за животна средина и за спорт, хоби и рекреација.
Зоран Илиоски од коалицијата на млади „СЕГА“ се сеќава на тешкиот период низ кој поминала организацијата што ја предводи. Се соочуваме со два предизвика финансиска несигурност и намалена доверба на граѓаните кон граѓанските асоцијации, вели Илиоски.
„Најголем дел од граѓанските организации во Македонија секојдневно комуницираат со граѓаните. Но има голем број здруженија на граѓани коишто многу малку и многу ретко комуницираат со својата целна група и затоа се јавува недовербата на граѓаните кон невладините организации. И овој процес и оваа битка треба да се води во наредниот период.“
Мухамед Точи од невладината „Месечина“ пак вели дека за разлика од порано охрабрува трендот што граѓаните покажуваат поголема недоверба кон политичките партии во однос на граѓанските организации. Тој вели дека порано била позабележителна работата на невладините организации и подобро функционирале.
„Финансиските средства коишто се влеваат во граѓанскиот сектор се се помали и помали. Од друга страна, тоа треба да биде доволно јасен сигнал средствата коишто ги одвојува државата, Владата треба да бидат поголеми за да може да остане и да се развива невладиниот сектор, зошто ниту една Влада нема зијан од граѓанските организации. Зошто ако се гледа кон невладините организации како коректори на она што Владата сакајќи или несакајќи го пропушта, тогаш тоа значи дека колку поцврст невладин сектор имате, толку појака ќе биде Владата, која и да е.“
Политиката се меша и во невладиниот сектор
Граѓаните кои ги прашавме велат дека не им веруваат на невладините организации. Тие се убедени дека најголемиот дел од нив парите ги добиваат од политичките партии или од странски извори, со што се доведува во прашање оправданоста на нивното дејствување како граѓански организации кои треба да ги штитат интересите на граѓаните.
„Не верувам, затоа што досега не се покажале дека нешто можат.“
„Нема невладина, од кај тогаш земаат пари, од каде?“
„Перат пари преку партии, преку парламент, доста луѓе се поврзани, политиката секаде е вмешана, во било што да е.“
Но, она што според упатените е најголема причина за недовербата на граѓаните кон невладиниот сектор е влијанието на политиката, односно политичките партии врз нивното работење. Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“ посочува дека партизираноста на сите сегменти од општеството, претставува сериозен проблем и кај граѓанскиот сектор.
„Политизираноста или партизираноста на невладините организации е многу сериозен проблем. Имаме ситуација во која невладиниот сектор ако не инклинира кон власта или партиите на власт, тогаш тие на некој начин влегуваат во некакви релации со опозицијата, што исто така не е во ред, бидејќи невладиниот сектор по дефиниција треба да биде неутрален. Ставовите на невладиниот сектор или на одделни организации може да се поклопуваат или да коинцидираат со ставови на партии на власт, а уште повеќе со ставови на опозицијата, бидејќи тие и треба да бидат критички настроени, но мислам дека ова не е случај. Едноставно се гледа сериозна поврзаност меѓу партиите и невладините организации.“
Од двете највлијателни партии меѓусебно се обвинуваат за политичко влијание врз невладините организации и нивна злоупотреба. Од СДСМ негираат дека учествуваат во создавање на невладини организации кои ги промовираат нивните ставови и идеи, зошто како што велат, механизмите на власта, моќта и парите не се кај нив туку кај ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија пак се согласуваат со впечатокот за партиска обоеност на невладиниот сектор. За нив пак најголем проблем претставуваат невладините организации со голем буџет кој се користи за промовирање на целите и интересите на опозицијата.
Пералници на пари или застапници на потребите на граѓаните?
Нашите соговорници укажуваат дека во последните неколку години граѓанскиот сектор се почесто е злоупотребуван и станува жртва на партиски препукувања. За жал, има и такви невладини организации кои кокетираат со власта и партиите, а не ретко се и нивна продолжена рака. Па така, наместо да бидат непрофитабилни, невладини и граѓански организации, застапници на потребите на граѓаните, тие се обидуваат да го делат профитот од таквата блискост, на штета на граѓаните.
„Во македонски услови на сто испитаници 98 или 99 ќе ви кажат дека немаат доверба во нив, затоа што тие се на овој или на оној начин пералници за пари или пак дека кокетираат со власта или пак дека се „one man show”, само еден човек е регистриран за да привлече или собере пари од некаде и на некој начин невладината организација ја направи профитабилна што е спротивно на основната дејност на невладините организации. Кај нас треба да се расчисти во старт со основното сфаќање што е навладиниот сектор, а потоа да го внесеме и сегментот на етички коректив на општеството, тие да бидат и во таа функција, зошто општеството мора да се демократизира“, објаснува универзитетскиот професор по етика, Дејан Донев.
Организации во потрага по префиксот НЕ
Дел од луѓето во граѓанскиот сектор велат дека причината поради која невладините потпаѓаат под влијание на партиите е нивната финансиска несигурност. Секој ден е борба за опстанок, вели Дерала. Но според него не се финансиските проблеми причина за партизираноста на невладиниот сектор.
„Се работи се една неизвесност која е секојдневна. Секој ден кога ќе ја отворите канцеларијата, вие имате неизвесност дали следниот ден или следниот месец истото ќе може да го направите без некаков проблем. Но проблемот со финансиите на невладиниот сектор и нема врска со партизираноста, бидејќи партиите и не можат да им платат на невладините, освен ако не се на власт. Е, тогаш имате друга ситуација. Грантовите кои одат преку Влада се примамлива мамка за невладините организации и тие често знаат да паднат под влијание на партиите на власт кои се дарежливи кон невладините организации кои им служат“, вели Дерала.
Во последните неколку години не може да се каже дека функционираа невладини организации. Реализацијата на нивните проекти беше условена од пари кои ги доделува Владата или некои странски извори, вели политикологот Соња Стојадиновиќ. Денешните организации треба повеќе да се потрудат да го вратат префиксот НЕ пред нивната функционалност, вели таа.
„Во целта на егзистирањето многу се замешаа политиките, т.е партиите, држејќи ги во своја рака невладините организации и преку финансиската помош ги натераа да станат владини, т.е нивни продолжетоци и да ги реализираат нивните кампањи, нивните проекти, нивните политики и да го опипаат пулсот на народот преку разни анкети, разни пилот проекти, да видат до каде можат да одат... Ние можеме да кажеме дека во последните три години имаме граѓански сектор, кој во последниве дваесет години беше потиснат од невладините организации“, вели Стојадиновиќ.
Европа дава, ние ја штедиме
Постои уште еден податок кој ги загрижува упатените во оваа област. А, тоа е дека европските пари од ИПА фондовите кои се добиваат со посредство на Владата се недоволно искористени од страна на граѓанскиот сектор. Зоран Илиоски вели дека причина за тоа се сложените процедури, но и недоволното искуство и знаење на невладиниот сектор да ги подготви соодветните апликации.
„Слабата искористеност од европските фондови е само причина на немањето доволно искуство и знаење на граѓанскиот сектор во Македонија за подготвување на апликации за фондовите во Европската унија“, вели Илиоски.
Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование се сомнева дека во прашање е немањето капацитет за правилна искористеност на средствата. Проблемот според неа е тоа што Владата не смета дека парите треба да одат во развој на невладиниот сектор.
„Наместо Владата да инвестира во грант-шеми за развој на невладиниот сектор со што ќе се овозможи нивно учество во креирањето на владините одлуки, таа инвестира во развој на канцеларија за соработка на Влада со невладините организации.Владата наша одлучи со парите од ИПА 2007 тоа да го прави. Значи да го зајакнува божем одделението и тоа одделение го однесе на прошетка во Естонија и тие божем имаат некаков капацитет за да комуницираат со невладиниот сектор, ама пари за невладиниот сектор не даде“, вели Димова.
Во нормална демократска држава доаѓањето на власт само ви дава право да ги прашате граѓаните што сакате да направите. Никако не ви дава право да си ги направите плановите како ќе ја развивате државата, без пред тоа да го прашате граѓанскиот сектор.
„Тоа се вика инклузивен процес на носење политики. Наједноставно, институционално на некоја демократска влада е тоа да го направи преку вклучување на невладините организации во тој процес за ние да ги пренесеме ставовите на граѓаните во тој процес. Кога зборуваме за невладина организација, треба да се каже дека невладината не значи дека е против Влада, иако може да бидете ако спроведува лоши политики. А, против Влада не значи дека сте за опозиција. Она што задолжително значи невладината е дека вие не барате власт“, вели Димова.
Граѓанскиот сектор е огледало на општеството во целина
Како да се спречи влијанието на политиката врз невладиниот сектор? Дали некој го слуша нивниот критички глас и имаат ли ефект нивното работење? Еве што велат дел од нашите соговорници.
„Граѓанскиот сектор е огледало на општеството во целина. Такво какво што е општеството, во најголем дел се и граѓанските организации. Тоа е процес кој ќе биде болен и долготраен, и секако дека солидарноста е првата работа која треба да се изгради меѓу организациите на граѓанското општество. Солидарноста, отвореноста и соработката меѓу нив е првиот чекор што би требало да ги ослободи граѓанските организации“, вели Дерала.
„Поради своето автодискредитирање поради финансиски причини многу малку се слуша гласот на невладините организации отколку што треба да се слуша. Самите си створија слика пред народот дека се продолжена рака на власта. Кога би покажале поголема независност од Владата и нејзината актуелна политика, тогаш нивниот углед кај народот ќе се зголеми и луѓето повеќе ќе им веруваат“, вели Стојадиновиќ.
„Таман работа ако никој не ги слуша невладините организации, дури тогаш немате демократија во земјата. Ако не ја следите работата и истражувањата на невладините организации, тогаш ништо од демократијата. Граѓаните се уште веруваат на резултатите коишто ги даваат невладините, а врз основа на нивните истражувања кои се во согласност со правилата на меѓународните организации“, Точи.
Граѓанскиот сектор е најповикан да се бори против партизираноста во општеството, па токму во таа насока првиот чекор треба да го направат граѓанските организации.
Од државната каса за невладиниот сектор годишно се одвојуваат 15 милиони денари или околу 250 илјади евра. Повеќето активисти во невладините организации сметаат дека тоа се малку средства за да се овозможи пристојно и активно функционирање на граѓанскиот сектор, кој стана феномен без кој современото, етички ориентирано и демократско општество не би можело да функционира. Професорот Донев заклучува дека меѓу причините кои ја оправдуваат потребата од се поголемата активност на невладиниот сектор секако се и многуте други странични ефекти и манифестации од забрзаните промени пред кои е исправено нашето општество кое, во брзањето да ги досегне европските стандарди, заборави дека еден систем, без оглед каков е тој, успешно ќе биде заменет само доколку промените се темелат на вистинските реални универзални етички вредности.
Најголем дел од граѓанските организации во Македонија секојдневно комуницираат со граѓаните. Но има голем број здруженија на граѓани коишто многу малку и многу ретко комуницираат со својата целна група и затоа се јавува недовербата на граѓаните кон невладините организации. И овој процес и оваа битка треба да се води во наредниот период.Зоран Илиоски. Коалицијата на млади „СЕГА“.
Недоверба во невладините организации
Иако неофицијално постојат околу 9.000 невладини организации во земјава, се проценува дека само 10 отсто од нив работат поактивно. Поголемиот број од нив по кратко постоење престанале да работат, а како причина за тоа се наведуваат финансиските проблеми. Според последното истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка спроведено минатата година, дел од граѓаните гледаат на граѓанските организации како на средство за остварување на личните интереси, „диригирани“ од странски држави и злоупотребувани од политички партии. Мнозинство од 51,3 %
Финансиските средства коишто се влеваат во граѓанскиот сектор се се помали и помали. Од друга страна тоа треба да биде доволно јасен сигнал средствата коишто ги одвојува државата, Владата треба да бидат поголеми за да може да остане и да се развива невладиниот сектор, зошто ниту една Влада нема зијан од граѓанските организации. Зошто ако се гледа кон невладините организации како коректори на она што Владата сакајќи или несакајќи го пропушта, тогаш тоа значи дека колку поцврст невладин сектор имате, толку појака ќе биде Владата, која и да е.Мухамед Точи, невладината „Месечина“.
сметаат дека политичките партии ги присвојуваат нивните ставови кога им се потребни, а кога немаат интерес ги осудуваат како блиски до другите, додека за скоро секој четврти граѓанин, граѓанските организации служат како гласноговорници на политичките партии. И покрај ова, малцинство од испитаниците можеле да наведат конкретна организација зад која сметаат дека стои политичка партија. Повисока од општата доверба имаат организациите кои работат со деца, млади и студенти, на лицата со посебни потреби, на жени и родови прашања, за животна средина и за спорт, хоби и рекреација.
Зоран Илиоски од коалицијата на млади „СЕГА“ се сеќава на тешкиот период низ кој поминала организацијата што ја предводи. Се соочуваме со два предизвика финансиска несигурност и намалена доверба на граѓаните кон граѓанските асоцијации, вели Илиоски.
„Најголем дел од граѓанските организации во Македонија секојдневно комуницираат со граѓаните. Но има голем број здруженија на граѓани коишто многу малку и многу ретко комуницираат со својата целна група и затоа се јавува недовербата на граѓаните кон невладините организации. И овој процес и оваа битка треба да се води во наредниот период.“
Мухамед Точи од невладината „Месечина“ пак вели дека за разлика од порано охрабрува трендот што граѓаните покажуваат поголема недоверба кон политичките партии во однос на граѓанските организации. Тој вели дека порано била позабележителна работата на невладините организации и подобро функционирале.
Перат пари преку партии, преку парламент, доста луѓе се поврзани, политиката секаде е вмешана, во било што да е.Анкетиран граѓанин.
Политиката се меша и во невладиниот сектор
Имаме ситуација во која невладиниот сектор ако не инклинира кон власта или партиите на власт, тогаш тие на некој начин влегуваат во некакви релации со опозицијата, што исто така не е во ред, бидејќи невладиниот сектор по дефиниција треба да биде неутрален. Ставовите на невладиниот сектор или на одделни организации може да се поклопуваат или да коинцидираат со ставови на партии на власт, а уште повеќе со ставови на опозицијата, бидејќи тие и треба да бидат критички настроени, но мислам дека ова не е случај. Едноставно се гледа сериозна поврзаност меѓу партиите и невладините организации.Џабир Дерала, Цивил.
Граѓаните кои ги прашавме велат дека не им веруваат на невладините организации. Тие се убедени дека најголемиот дел од нив парите ги добиваат од политичките партии или од странски извори, со што се доведува во прашање оправданоста на нивното дејствување како граѓански организации кои треба да ги штитат интересите на граѓаните.
„Не верувам, затоа што досега не се покажале дека нешто можат.“
„Нема невладина, од кај тогаш земаат пари, од каде?“
„Перат пари преку партии, преку парламент, доста луѓе се поврзани, политиката секаде е вмешана, во било што да е.“
Но, она што според упатените е најголема причина за недовербата на граѓаните кон невладиниот сектор е влијанието на политиката, односно политичките партии врз нивното работење. Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“ посочува дека партизираноста на сите сегменти од општеството, претставува сериозен проблем и кај граѓанскиот сектор.
Во македонски услови на сто испитаници 98 или 99 ќе ви кажат дека немаат доверба во нив, затоа што тие се на овој или на оној начин пералници за пари или пак дека кокетираат со власта или пак дека се „one man show”, само еден човек е регистриран за да привлече или собере пари од некаде и на некој начин невладината организација ја направи профитабилна што е спротивно на основната дејност на невладините организации. Кај нас треба да се расчисти во старт со основното сфаќање што е навладиниот сектор, а потоа да го внесеме и сегментот на етички коректив на општеството, тие да бидат и во таа функција, зошто општеството мора да се демократизира.Дејан Донев, универзитетскиот професор по етика.
Од двете највлијателни партии меѓусебно се обвинуваат за политичко влијание врз невладините организации и нивна злоупотреба. Од СДСМ негираат дека учествуваат во создавање на невладини организации кои ги промовираат нивните ставови и идеи, зошто како што велат, механизмите на власта, моќта и парите не се кај нив туку кај ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија пак се согласуваат со впечатокот за партиска обоеност на невладиниот сектор. За нив пак најголем проблем претставуваат невладините организации со голем буџет кој се користи за промовирање на целите и интересите на опозицијата.
Пералници на пари или застапници на потребите на граѓаните?
Нашите соговорници укажуваат дека во последните неколку години граѓанскиот сектор се почесто е злоупотребуван и станува жртва на партиски препукувања. За жал, има и такви невладини организации кои кокетираат со власта и партиите, а не ретко се и нивна продолжена рака. Па така, наместо да бидат непрофитабилни, невладини и граѓански организации, застапници на потребите на граѓаните, тие се обидуваат да го делат профитот од таквата блискост, на штета на граѓаните.
Во целта на егзистирањето многу се замешаа политиките, т.е партиите, држејќи ги во своја рака невладините организации и преку финансиската помош ги натераа да станат владини, т.е нивни продолжетоци и да ги реализираат нивните кампањи, нивните проекти, нивните политики и да го опипаат пулсот на народот преку разни анкети, разни пилот проекти, да видат до каде можат да одат... Ние можеме да кажеме дека во последните три години имаме граѓански сектор, кој во последниве дваесет години беше потиснат од невладините организации.Соња Стојадиновиќ, политиколог.
„Во македонски услови на сто испитаници 98 или 99 ќе ви кажат дека немаат доверба во нив, затоа што тие се на овој или на оној начин пералници за пари или пак дека кокетираат со власта или пак дека се „one man show”, само еден човек е регистриран за да привлече или собере пари од некаде и на некој начин невладината организација ја направи профитабилна што е спротивно на основната дејност на невладините организации. Кај нас треба да се расчисти во старт со основното сфаќање што е навладиниот сектор, а потоа да го внесеме и сегментот на етички коректив на општеството, тие да бидат и во таа функција, зошто општеството мора да се демократизира“, објаснува универзитетскиот професор по етика, Дејан Донев.
Организации во потрага по префиксот НЕ
Дел од луѓето во граѓанскиот сектор велат дека причината поради која невладините потпаѓаат под влијание на партиите е нивната финансиска несигурност. Секој ден е борба за опстанок, вели Дерала. Но според него не се финансиските проблеми причина за партизираноста на невладиниот сектор.
Наместо Владата да инвестира во грант-шеми за развој на невладиниот сектор со што ќе се овозможи нивно учество во креирањето на владините одлуки, таа инвестира во развој на канцеларија за соработка на Влада со невладините организации.Владата наша одлучи со парите од ИПА 2007 тоа да го прави. Значи да го зајакнува божем одделението и тоа одделение го однесе на прошетка во Естонија и тие божем имаат некаков капацитет за да комуницираат со невладиниот сектор, ама пари за невладиниот сектор не даде.Лидија Димова, Македонскиот центар за европско образование.