Глумат патриотизам на сметка на меѓуетничките односи

Јавноста бара повеќе работни места и просперитет и бидејќи тоа не се случува политичките етнички кампуси прават инциденти за покажување патриотизам, велат аналитичарите.
Политичката криза во владината коалиција може да ги влоши и онака чувствителните меѓуетнички односи во земјава, предупредуваат експертите. Очигледно е дека мултикултурализмот во земјава не го прифаќаат и едната и другата страна, а претставниците на етничките заедници се борат, работат и се грижат само за своите етнички кампуси, велат дел од аналитичарите.
Јавноста бара повеќе резултати, повеќе економија, повеќе работни места, поголем просперитет и бидејќи тоа не се случува етничките кампуси прават вакви инциденти за да го покажат својот патриотизам, својата големина и да покажат колку всушност тие се грижат за Македонците од една страна или за Албанците од друга.
Петар Атанасов, универзитетски професор.

„Настанот во Слупчане кој ја предизвика политичката криза во владината коалиција е етнички инцидент. Всушност, етничките инциденти се честа појава во владината коалиција, а се случуваат пред сè заради притисокот на јавноста врз коалиционите партнери. Јавноста бара повеќе резултати, повеќе економија, повеќе работни места, поголем просперитет и бидејќи тоа не се случува етничките кампуси прават вакви инциденти за да го покажат својот патриотизам, својата големина и да покажат колку всушност тие се грижат за Македонците од една страна или за Албанците од друга“, објаснува професор Петар Атанасов.

Етничката поделеност во земјава е толку голема што сите овие превирања на политичката сцена може дополнително да ја продлабочат поделеноста меѓу Македонците и Албанците, вели политичкиот аналитичар Рамадан Рамадани.
Жално е колку несразмерно политичарите ги употребуваат овие етнички прашања за свои политички поени, а колку малку прават за преземање одговорност или нудење решенија за истите.
Рамадан Рамадани, аналитичар.

„Милам дека ова може да влијае на продлабочување на таа поделеноста, но не верувам дека тоа може да имплицира некое директно влошување на меѓуетничките односи“, вели Рамадани.

Ваквите етнички тензии не мора да го нарушат функционирањето на системот, се согласува и Атанасов. Тие се само знак дека се креира и спроведува таква политика од страна на оние што ја имаат власта, вели тој.

„Во Република Македонија се случува еден политички натпревар кој не мора да излезе од контрола доколку се држи во институциите на системот. Тоа е една нормална политичка борба, иако изгледа жестоко гледано од страна“, посочува Атанасов.

Рамадани смета дека токму политичарите ги злоупотребуваат етничките прашања во земјава. Политичкиот профит е секогаш пред интересите на граѓаните, забележува Рамадани.

„Жално е колку несразмерно политичарите ги употребуваат овие етнички прашања за свои политички поени, а колку малку прават за преземање одговорност или нудење решенија за истите“, изјави Рамадани.

Проблемите во владејачката коалиција ескалираа откако министерот Фатмир Бесими положи цвеќе на споменикот на бранителите на ОНА во Слупчане, настан кој премиерот го нарече приватна екскурзија на Бесими и лош чекор со кој беа повредени чувствата на многу Македонци. Односите ги разбранува и новиот предлог закон за бранителите кој се однесува на посебните права на припадниците на безбедносните сили. ДУИ му порача на ВМРО-ДПМНЕ да не избрзува со донесувањето на законот за бранителите, без да се консултира со нив, бидејќи ќе бидат непријатно изненадени од опциите кои ќе може да ги искористат. Најавија дека ќе ја напуштат Владата на Груевски ако ВМРО-ДПМНЕ не ги прифати нивните амандмани за законот за бранителите. Претседателот на ДПА, Мендух Тачи вчера изјави дека како партија ќе го поддржат ДУИ за законот кој сметаат дека е лош и антиалбански.