СДСМ сака владината коалиција да опстои за ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ја поделат одговорноста и да ја дочекаат казната од граѓаните на следните избори за погрешните политики кои ги водат и за катастрофалните последици кои ги предизвикаа. Ова го изјави лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски по денешната средба со заменик помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер. Според него, конфронтацијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не е искрена.
„Ова што го гледаме овие денови го гледаме по десети пат во релациите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во изминатите неколку години. Се изнаслушавме во разни ситуации жестоки критики, меѓусбени условувања и уценувања за на крај секогаш да се случи еден евтин политички пазар меѓу двете партии во власта и сето тоа да заврши со една топла братска коалициона прегратка.“
Според Црвенковски, најдобриот момент за одржување на предвремени парламентарни избори би бил март наредната година, кога се закажани и локалните.
„За предвремни парламентарни избори во март заедно со локалните избори има доволно време да се донесат измени во законската регулатива, да се провери избирачкиот список. Ако постои вистинска определба за такво нешто во март ќе се видиме на предвремени избори.“
Црвенковски со Рикер разговарал за актуелните состојби во земјата, за неопходноста од деблокирање на евроатлантските интеграции на Македонија и за состојбите во регионот. Лидерот на СДСМ ја истакнал загриженоста за лошата социјално-економската состојба во земјата, како и тоа дека во одредени клучни области имаме сериозни назадувања.
„За жал не можеме да препознаеме да видиме било каков заокружен план кај актуелната власт како мисли да ги деблокира евроатлантските интеграции. Двата клучни владини коалициони партнери многу често, како и сега, ги злоупотребуваат одредени прашања поврзани со меѓуетничката сфера за ситни политички поени. Тие забораваат или не се свесни дека на тој начин предизвикуваат сериозно нарушување на меѓуетничките односи, толеранција и доверба.“
Рикер претходно се сретна со државниот врв и со претставници на политички партии на кои им порача дека Пристапниот дијалог е добра можност да се продолжи со работата на реформите во важни области и дека САД остануваат силен поддржувач на Македонија.
Се изнаслушавме во разни ситуации жестоки критики, меѓусбени условувања и уценувања за на крај секогаш да се случи еден евтин политички пазар меѓу двете партии во власта и сето тоа да заврши со една топла братска коалициона прегратка.Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
„Ова што го гледаме овие денови го гледаме по десети пат во релациите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во изминатите неколку години. Се изнаслушавме во разни ситуации жестоки критики, меѓусбени условувања и уценувања за на крај секогаш да се случи еден евтин политички пазар меѓу двете партии во власта и сето тоа да заврши со една топла братска коалициона прегратка.“
Според Црвенковски, најдобриот момент за одржување на предвремени парламентарни избори би бил март наредната година, кога се закажани и локалните.
„За предвремни парламентарни избори во март заедно со локалните избори има доволно време да се донесат измени во законската регулатива, да се провери избирачкиот список. Ако постои вистинска определба за такво нешто во март ќе се видиме на предвремени избори.“
За предвремни парламентарни избори во март заедно со локалните избори има доволно време да се донесат измени во законската регулатива, да се провери избирачкиот список. Ако постои вистинска определба за такво нешто во март ќе се видиме на предвремени избори.Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.