Помирувањето е важен чин за иднината на Македонија и посебно за двете страни инволвирани во конфликтот во 2001 година, рече министерот Бесими. Рикер вели дека помирувањето не секогаш оди лесно.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими изрази жалење доколку некој е навреден од положувањето цвеќе на споменикот на борците на ОНА во Слупчане.
„Намерата никогаш не ми била таква. Напротив, мојата намера отсекогаш била и останува да ги претставам подеднакво сите граѓани на Република Македонија и да направам се што е во моја надлежност за да придонесам кон помирувањето меѓу сите во Република Македонија. Помирувањето е особено важно, важен чин за иднината на Македонија и посебно за двете страни инволвирани во конфликтот во 2001 година“, рече Бесими
Министерот се сретна со американскиот заменик помошник државен секетар Филип Рикер. На средбата се разговарало за билатералната соработка меѓу Соединетите американски држави и Македонија како и за регионалната соработка и евроатланските интеграции на земјава.
Ние треба да сме горди како граѓани на Македонија за постигнатиот напредок до сега, изјави Бесими.
„Но, последните случувања и реакции во јавноста покажаа дека треба да се вложи уште многу работа“, дополни министерот.
Заменик – помошник државен секретар Филип Рикер рече дека една од основите на стратешкото партнерство со Македонија се споделените вредности.
„Меѓу тие вредности е и постојаната потреба за помирување. Ги поздравувам зборовите на министерот за помирување. Секако тоа никогаш не е лесно“. рече Рикер.
Тој дополни дека помирувањето е во духот на НАТО
„И се разбира како што кажа секретарот Клинтон во Чикаго, во поглед на проширувањето на НАТО, додека работиме со Македонија и со другите земји во регионот, не смееме да дозволиме денешните случувања да ни го оттргнат вниманието од предизвиците и идните цели.“
Во вашите напори за изградба на подобра заедничка иднина секогаш ќе ги имате Соединетите американски држави покрај вас, рече Рикер.
Намерата никогаш не ми била таква. Напротив, мојата намера отсекогаш била и останува да ги претставам подеднакво сите граѓани на Република Македонија и да направам се што е во моја надлежност за да придонесам кон помирувањето меѓу сите во Република Македонија.Фатмир Бесими, Министер за одбрана.
„Намерата никогаш не ми била таква. Напротив, мојата намера отсекогаш била и останува да ги претставам подеднакво сите граѓани на Република Македонија и да направам се што е во моја надлежност за да придонесам кон помирувањето меѓу сите во Република Македонија. Помирувањето е особено важно, важен чин за иднината на Македонија и посебно за двете страни инволвирани во конфликтот во 2001 година“, рече Бесими
Министерот се сретна со американскиот заменик помошник државен секетар Филип Рикер. На средбата се разговарало за билатералната соработка меѓу Соединетите американски држави и Македонија како и за регионалната соработка и евроатланските интеграции на земјава.
Ние треба да сме горди како граѓани на Македонија за постигнатиот напредок до сега, изјави Бесими.
Меѓу тие вредности е и постојаната потреба за помирување. Ги поздравувам зборовите на министерот за помирување. Секако тоа никогаш не е лесно.Филип Рикер, заменик – помошник државен секретар на САД.