Во Македонија се шират протестите поради поскапувањата на струјата и парното и стравот како да се преживее. Дали социјалното незадоволство ги спојува македонците и албанците? За два дена митинг најавуваат и албански здруженија а потоа, велат, заедно со АМАН и голем протест на плоштад Македонија во Скопје.
Со пароли „Силно светнал мрак“; „Лебот ни го земавте“; „Капење само во недела“; „Исклучи го телевизорот вклучи го паметот“; „Аман веќе со поскапувањата нели ви е жал за нас?“ и „Ручекот повеќе нема да загори“ неколку стотици граѓани излегоа вчера на протести низ државата. Граѓаните бараа намалување на цените на струјата, парното и горивата, тврдејќи дека допрва ќе дојдат нови поскапувања кои нема да можат да ги издржат.
„Поскапено е се, веќе не се опстојува, а што горивата се поскапуваат и се друго пак ќе поскапи.“
„Јас сум чесен граѓанин на оваа држава, досега сите долгови кон сите јавни претпријатија ги плаќав, но сега веќе не можам.“
„Ни велат па и во Австрија нема евтина дневна тарифа за струја, но тие во Австрија земаат 2000 евра плата, а јас 2000 денари. Нека ми дадат мене 1000 евра не сакам повеќе ниту на мене нема да ми треба евтина струја.“
На вториот протест по ред на демонстрантите од Скопје и Битола им се приклучија и Припел Куманово и Тетово. По неколку стотини граѓани излегоа на мирен протест низ Македонија да го изразат незадоволството од поскапувањата. Идентични пораки за подобрување на животниот стандард испратија и тетовци и прилепчани.
„Седиме во темница, цело семејство, со внучиња сме. А, зошто? Зошто немаме пари да платиме.“
„Во 21 век ќе ги вратиме газиените ламби, ќе ги исклучиме бојлерите и во 21 век Македонија ќе остане во мрак.“
Од Куманово на протест излегоа и стечајните работници кои сметаат дека им е должност да го поддржат протестот и да изразат незадоволство.
„Како најзагрозена категорија на граѓани на Република Македонија кои немаат никаква егзистенција, тука сме да изразиме револт кон секое поскапување, зошто секое поскапување е кошмар за стечајниот работник . Најмногу не погодува поскапувањето на електричната енергија“, вели Лилјана Ѓорѓиевска од здружението на стечајци „УНИТ“.
За два дена повторно ќе има протест во Скопје против поскапувањата на струјата, парното и горивата, само што овој пат протестот ќе се одржи на другата страна на реката Вардар. Во скопската населба Чаир на протест во петок ќе излезат албанските граѓани вели Претседателот на здружението на албанските електричари Хисни Салиу.
„Многу Албанци сакаат на дојдат на овој протест се плашат, велат ако дојдеме да не не тепаат. Затоа сакаме да одржиме таму во нашиот дел и ако биде успешно, потоа со „АМАН“ ќе одржиме заедно еден голем протест на плоштад.“
Тој додаде дека џебот наскоро ќе ги обедини сите затоа што граѓаните немаат повеќе пари за да плаќаат високи сметки.
Од граѓанската иницијатива „АМАН“ на вчерашните протести изразија разочарување од малиот број на граѓани кои дојдоа на протестите во Скопје. Тие велат дека нивната цел е да го обедини народот во борба за подобри услови за живот и социјална правда без разлика на верската,етничка или каква било друга определба, затоа што постојаните поскапувања ги засегаат сите граѓани.
Од иницијативата „АМАН“ веќе две недели бараат да се поништи правилникот на Топлификација, повторно да се врати евтината дневна тарифа, да се инвестира во одржливи извори на енергија , итно да се повлече новиот правилник на Топлификација, укинување на ставката на ангажирана моќност од 33% ,да се врати цената на парното и струјата на ниво од 2008 година како и да се намалат цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
Граѓанската иницијатива АМАН по трети пат ги повика да го изразат својот револт од одлуките на Регулаторната комисија за енергетика на улиците во повеќе градови низ земјава.
Ни велат па и во Австрија нема евтина дневна тарифа за струја, но тие во Австрија земаат 2000 евра плата, а јас 2000 денари. Нека ми дадат мене 1000 евра не сакам повеќе ниту на мене нема да ми треба евтина струја.Анкетиран граѓанин.
„Поскапено е се, веќе не се опстојува, а што горивата се поскапуваат и се друго пак ќе поскапи.“
„Јас сум чесен граѓанин на оваа држава, досега сите долгови кон сите јавни претпријатија ги плаќав, но сега веќе не можам.“
„Ни велат па и во Австрија нема евтина дневна тарифа за струја, но тие во Австрија земаат 2000 евра плата, а јас 2000 денари. Нека ми дадат мене 1000 евра не сакам повеќе ниту на мене нема да ми треба евтина струја.“
Во 21 век ќе ги вратиме газиените ламби, ќе ги исклучиме бојлерите и во 21 век Македонија ќе остане во мрак.Анкетиран граѓанин.
На вториот протест по ред на демонстрантите од Скопје и Битола им се приклучија и Припел Куманово и Тетово. По неколку стотини граѓани излегоа на мирен протест низ Македонија да го изразат незадоволството од поскапувањата. Идентични пораки за подобрување на животниот стандард испратија и тетовци и прилепчани.
„Седиме во темница, цело семејство, со внучиња сме. А, зошто? Зошто немаме пари да платиме.“
„Во 21 век ќе ги вратиме газиените ламби, ќе ги исклучиме бојлерите и во 21 век Македонија ќе остане во мрак.“
Од Куманово на протест излегоа и стечајните работници кои сметаат дека им е должност да го поддржат протестот и да изразат незадоволство.
„Како најзагрозена категорија на граѓани на Република Македонија кои немаат никаква егзистенција, тука сме да изразиме револт кон секое поскапување, зошто секое поскапување е кошмар за стечајниот работник . Најмногу не погодува поскапувањето на електричната енергија“, вели Лилјана Ѓорѓиевска од здружението на стечајци „УНИТ“.
За два дена повторно ќе има протест во Скопје против поскапувањата на струјата, парното и горивата, само што овој пат протестот ќе се одржи на другата страна на реката Вардар. Во скопската населба Чаир на протест во петок ќе излезат албанските граѓани вели Претседателот на здружението на албанските електричари Хисни Салиу.
„Многу Албанци сакаат на дојдат на овој протест се плашат, велат ако дојдеме да не не тепаат. Затоа сакаме да одржиме таму во нашиот дел и ако биде успешно, потоа со „АМАН“ ќе одржиме заедно еден голем протест на плоштад.“
Тој додаде дека џебот наскоро ќе ги обедини сите затоа што граѓаните немаат повеќе пари за да плаќаат високи сметки.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5