Достапни линкови

Притисоци до „АМАН“ од Битола пред денешниот протест


Активисти на граѓанската иницијатива „АМАН“ од Битола.
Активисти на граѓанската иницијатива „АМАН“ од Битола.

​​Притисоците не доаѓаат официјално од некоја институција, туку од луѓе чии имиња и функциии не сакаа да ги откријат.

Членовите на граѓанската иницијатива „АМАН“ во Битола се жалат дека се соочуваат со закани и притисоци упатени од нивни сограѓани кои имаат за цел да ги заплашат за повеќе да не организираат протести против поскапувањето на струјата и укинувањето на евтината тарифа.
Притисоците доаѓаат индиректно преку луѓе на улица дека нема да не вработат, дека нашите браќа и сестри нема да ги вработат, дека подобро е да прекинеме.
Ѓорги Пулевски, еден од организаторите на протестите во Битола.
Притисоците не доаѓаат официјално од некоја институција, туку од луѓе чии имиња и функциии не сакаа да ги откријат.

„Притисоците доаѓаат индиректно преку луѓе на улица дека нема да не вработат, дека нашите браќа и сестри нема да ги вработат, дека подобро е да прекинеме. Но, тоа е неофицијално од луѓе, а не од некоја институција“ вели Ѓорги Пулевски, еден од организаторите на протестите во Битола.

Но, членовите од граѓанската иницијатива велат дека нема да подлегнат на притисоците и нема да се откажат од својата намера редовно во вторник да протестираат против серијата поскапувања во државата.

Само со истрајна борба, упорност и масовност можеме да успееме да ги постигнеме нашите барања зашто со еднократно излегување на протест не се постигнува ништо.

Дејан Лутовски, член на АМАН..


За потсетување тие бараат цената на струјата да биде како во 2008 година, да се врати евтината тарифа и да запре понатамошната приватизација на целокупниот енергетски систем во земјава.

„Само со истрајна борба, упорност и масовност можеме да успееме да ги постигнеме нашите барања зашто со еднократно излегување на протест не се постигнува ништо“ изјави Дејан Лутовски, член на „АМАН“.

Тие упатија критики дека иако една од најпогодените категории на граѓани од поскапувањата се работниците, чии плати не се покачуваат, наспроти давачките, синдикатот молчи.

„Една од најважните институции која треба да повика на овие протести е синдикатот. Но, тој молчи, затоа сме собрани пред регионалната канцеларија на ССМ да го осудиме нивното молчење и ноншалантен однос кон маките на работниците. Ако тие не сакаат да ги повикааат работниците на протести, тоа ќе го направиме ние“ додава Пулевски.

Битолчани досега масовно се одзваа на протестите организирани од „ АМАН“ против новиот ценовен шок. Градот оддамна не памети толку масовни простети.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG