Процесите на евроатлантска интеграција на земјава и последните домашни случувања се најавуваат како фокус на средбите што ќе ги оствари Рикер.
Процесите на евроатлантска интеграција на земјава и последните домашни случувања се најавуваат како фокус на средбите што ќе ги оствари Филип Рикер. Заменик помошникот државен секретар на САД е во Македонија во наредните пет денови. Освен што ќе остане некој ден повеќе во Охрид, на вториот ден од неговата посетата ќе се сретне со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во Скопје, а во наредните денови планирани се и средби со претставници на политичките партии. Процесите на евроатлантска интеграција на земјава и последните домашни случувања во земјава се најавуваат како фокус на средбите што ќе ги оствари Рикер.
Овојпат интересно е што претходно САД преку својата амбасада во Скопје, интервенираа во односите на владините коалициски партнери по прашањето на односот на министерот за одбрана Фатмир Бесими за Слупчане, каде беше положено цвеќе пред споменик на ОВК. Ова значи дека и меѓуетничките односи ќе бидат тема освен евроинтегративните процеси, коментира професор Денко Малески од Правниот факултет во Скопје. Според неговите зборови, не е едноставно да се каже кои ќе бидат резултатите од посетата, но додава дека она што го знаеме е дека човекот одговорен за регионот на Западен Балкан во Стејт департментот доаѓа во Македонија и дека е многу важно да се запознае со ситуацијата во моментот.
„Можеби тоа ќе биде уште еден благ или можеби посилен притисок врз политичката елита на Македонија да прави посмели продори во две сфери. Меѓунационалните односи, тоа го кажа и последното соопштение на амбасадата. И второ е како да се направи продор во меѓународните односи, да се разреши спорот со Грција.“
Рикер, средбите ги започнува со македонскиот државен врв во вилата Билјана, каде негов домаќин е претседателот Иванов. Помошникот на заменикот на Хилари Клинтон втора година учествува на школата за млади лидери што ја организира македонскиот претседател. Теми на разговорите исто така ќе бидат и партнерството САД – Македонија, заедничките мисии и реформите. За време на последната посета на Македонија, тој отворено ни кажа дека не може да се надеваме на членство во НАТО без да го решиме спорот со Грција.
„Ќе кажам уште еднаш, консензусот е тој поради кој НАТО е толку успешна и влијателна организација каква што е. Денеска земјите во овој регион се претставуваат себеси, имаат можност да го определат својот пат, да работат и да преговараат, НАТО ги остави отворени вратите, ОН го поддржуваат членството на Македонија во НАТО и тоа е она што ние сакаме да го видиме“, изјави Рикер за време на последната посета.
Заменикот помошник државен секретар Рикер и овојпат ќе посети и други земји во регионот. Ова за Рикер, кој беше американски амбасадор, е втора посета на Македонија оваа година.
Можеби тоа ќе биде уште еден благ или можеби посилен притисок врз политичката елита на Македонија да прави посмели продори во две сфери. Меѓунационалните односи, тоа го кажа и последното соопштение на амбасадата. И второ е како да се направи продор во меѓународните односи, да се разреши спорот со Грција.Денко Малески, универзитетски професор.