Армијата успешна приказна

Министерот за одбрана Фатмир Бесими во посета на учесниците на шестдневната Заедничка планинска обука на Полкот за специјални операции на АРМ и Националната гарда на Вермонт од САД.

АРМ покажа капацитет за постојан напредок и спроведување на потребните реформи во одбраната, а повеќе од се, на Македонија и донесе афирмација на меѓународен план, велат упатените.
Постојана и професионална, столб на македонската независност и гарант на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Во изминатите дваесет години постоење Армијата ги заслужи овие епитети. Упатените ќе кажат дека таа покажа капацитет за постојан напредок и спроведување на потребните реформи во одбраната, а повеќе од се, на Македонија и донесе афирмација на меѓународен план.

Испраќање на контингент македонски војници во Авганистан.


Вреди да се истакне постојаноста на македонската Армија во одржувањето на високиот степен на борбената готовност, справувањето со безбедносните кризи во земјава, особено во периодот на воениот конфликт од 2001 година.
Со својата стручност заедно со полициските структури таа ги извршуваше сосема коректно сите добиени обврски и задачи од страна на претпоставените и врховниот командант. Тоа што во определени моменти можеше да произлезе како несовладување на некои препреки пред се треба да се темели на одлуките на политиката, а не на стручноста на Армијата.
Благоја Марковски, поранешен висок офицер во АРМ.

„Со својата стручност заедно со полициските структури таа ги извршуваше сосема коректно сите добиени обврски и задачи од страна на претпоставените и врховниот командант. Тоа што во определени моменти можеше да произлезе како несовладување на некои препреки пред се треба да се темели на одлуките на политиката, а не на стручноста на Армијата“, се присетува поранешниот висок офицер во АРМ, Благоја Марковски.

Специјална единица на АРМ.


Ставот на министерството и на Владата воопшто е дека ние треба да останеме и понатаму да учествуваме со свои единици во НАТО операции, се разбира тука ќе бидеме во координација со НАТО. Како НАТО ќе ги гради сопствените стратегии, така и ние ќе се однесуваме како партнер на НАТО.
Емил Димитриев, заменик министер за одбрана.
Особено значаен е придонесот на македонските војници во меѓународните мировни мисии ширум светот. Пожртвуваноста на нашите војници во справувањето со задачите и предизвиците на терен, отсекогаш биле посочувани како успешен пример. Светските лидери и воените команданти јасно истакнуваат дека македонските мировници се вистински амбасадори на мирот кои и на терен ги изразуваат нашите интереси. Поранешниот американски секретар за одбрана Доналд Рамсфелд при посетата на земјава во 2004 година одликуваше четворица македонски војници кои учествуваа во една операција за спасување на американски војници во мисијата во Ирак.

„Ставот на министерството и на Владата воопшто е дека ние треба да останеме и понатаму да учествуваме со свои единици во НАТО операции, се разбира тука ќе бидеме во координација со НАТО. Како НАТО ќе ги гради сопствените стратегии, така и ние ќе се однесуваме како партнер на НАТО“, вели заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.

АРМ е атрибут на независноста и суверенитетот на Македонија и не е никаква тајна дека Армијата во изминатиот период е успешна институција, но тоа не значи дека во неа не треба да се инвестира, велат упатените. Последиците од економската структура се чуствуваат во структурите на Армијата.

„Опремувањето не го следи квалитетот на стручноста на припадниците на Армијата и оттука политиката треба да поведе малку повеќе сметка како и на кој начин треба и понатаму Армијата да се опремува“, вели полковникот Марковски.

Финансиските проблеми со кои во изминатиот период се соочуваше и овој сектор од општетството не се непознати. Димитриев вели дека досегашното учество на војниците во мировните мисии многу го оптоварил буџетот на министерството за одбрана.

„Учеството на Македонија во меѓународните мисии, ја чинеше државата околу 85 милиони евра“, изјави Димитриев.

За разлика од политичкиот развој на земјава кој не ретко е проследен со забелешки и критики од меѓународната заедница, Армијата може да се нарече успешна приказна. Со напорна работа и пожртвуваност, АРМ ги достигна вредностите, стандардите и критериумите за членство во НАТО. Политичките рефоми пак се уште не се завршени, поради што Македонија на последните два самити на НАТО не успеа да добие покана за членство, а се уште не може да добие ниту датум за преговори за членство во Европската Унија.