Околу 80 насто од жртвите на семејно насилство се невработени. Околу 60 насто од жртвите се жени на возраст од 30 до 64 години, а силеџиите најчесто се мажи, покажало истражувањето на Министерството за труд и социјална политика и УНДП.
Најголем дел од жртвите на семејно насилство, околу 80 насто, се невработени лица, покажало истражувањето на Министерството за труд и социјална политика и УНДП. Според истражувањето, околу 60 насто од жртвите се жени на возраст од 30 до 64 години, а сторителите на делото најчесто се мажи. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски вели дека жртвите сè повеќе се охрабруваат да го пријават делото, бидејќи има над 20 насто повеќе кривични пријави во однос на минатата година.
„Во урбаните средини немавме проблем. Најголем проблем ни беа руралните средини, но и таму има пораст на процент на пријави. Тоа е само приказ дека се развила свеста и дека се охрабриле. Верувам дека во следниот период уште повеќе ќе се зголемува бројот на пријави.“
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Весна Џутеска Бишева вели дека треба да се зајакне знаењето кај граѓаните за чекорите што треба да ги преземат за заштита на жртвите и казнувањето на сторителите.
„Исто така треба да се спомне дека граѓаните очекуваат интегрална, сеопфатна поддршка од институциите. Не само психо-социјална помош. Значи се очекува да има една сеопфатна форма на заштита.“
Ристовски вели дека Министерството ќе продолжи со интензивирање на економските програми за вработување на жените-жртви на семејно насилство.
„Воопшто не оди лесно и едноставно, да бидеме искрени. Дел од тие жени-жртви не сакаат да се вклучат во тие посебни програми. Но ние ќе продолжиме со тоа што направивме и дополнителни корекции во насока на заштита на нивниот идентитет. Се прават корекции и во насока на самата програма за полесна пристапност, без поголемиот дел од јавноста да знае дека тоа е посебна програма за јакнење на економската независност на жртвите на семејно насилство.“
Според Министерството, потребни се и континуирани кампањи за подигнување на јавната свест, координативни механизми кај здравствените, социјалните и полициските служби, како и соработка меѓу институциите, невладините и меѓународните организации.
Во урбаните средини немавме проблем. Најголем проблем ни беа руралните средини, но и таму има пораст на процент на пријави. Тоа е само приказ дека се развила свеста и дека се охрабриле.Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика.
„Во урбаните средини немавме проблем. Најголем проблем ни беа руралните средини, но и таму има пораст на процент на пријави. Тоа е само приказ дека се развила свеста и дека се охрабриле. Верувам дека во следниот период уште повеќе ќе се зголемува бројот на пријави.“
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Весна Џутеска Бишева вели дека треба да се зајакне знаењето кај граѓаните за чекорите што треба да ги преземат за заштита на жртвите и казнувањето на сторителите.
„Исто така треба да се спомне дека граѓаните очекуваат интегрална, сеопфатна поддршка од институциите. Не само психо-социјална помош. Значи се очекува да има една сеопфатна форма на заштита.“
Исто така треба да се спомне дека граѓаните очекуваат интегрална, сеопфатна поддршка од институциите. Не само психо-социјална помош. Значи се очекува да има една сеопфатна форма на заштита.Весна Џутеска Бишева, постојан претставник на УНДП во Македонија.