Лекарите чекаат плата да видат дали ќе штрајкуваат

Во Независниот синдикат на Клиничкиот центар се незадоволни од системот за плаќање по успешност. Чекаат да ги видат платите да знаат дали ќе штрајкуваат.
Системот на плаќање по успешност кој почна од 1 јули да се имплементира во сите јавни здравствени установи е концепт кој е недовршен и поради тоа неприменлив, незадоволно констатира претседателот на Независниот синдикат на Клиничкиот центар во кој членуваат и други здравствени организации д-р. Дејан Ставриќ. Вака како што е даден, на голема врата се отвора простор за субјективизам и за лично однесување, продолжи д-р. Ставриќ, најавувајќи дека чека да се направи анализа на платите што ќе бидат исплатени, за да разгледаат како ќе реагираат.
Расположението е генерално за штрајк, доколку не се коригира моделот и доколку не се одложи, значи за да има време за корекција на моделот, односно неговата финансиска имплементација. Значи се чека да се направи анализа на платите и да се вратат луѓето од одмор, ќе се спроведат активностите кога сите ќе бидат тука.
д-р. Дејан Ставриќ, претседател на Независниот синдикат на Клиничкиот центар.

„Расположението е генерално за штрајк, доколку не се коригира моделот и доколку не се одложи, значи за да има време за корекција на моделот, односно неговата финансиска имплементација. Значи се чека да се направи анализа на платите и да се вратат луѓето од одмор, ќе се спроведат активностите кога сите ќе бидат тука.“

Министерот за здравство Никола Тодоров во посета на битолската болница во декември 2011.


Според моделот на плаќање по успешност се проценува дека од вкупно 1.200 доктори, над 850 овој месец ќе земат 100 проценти плата, 110 ќе бидат наградени, а 10 до 12 отсто од вкупниот број доктори ќе добијат намалена плата бидејќи сработиле помалку од останатите.

Овој или сличен модел се промовираше и во претходниот состав на владата. Се дојде до усогласување, намалувањето да не оди под 90 посто од основната плата, односно да се примени модел за наградување. Со смена на владата, Синдикатот имаше неуспешен состанок пред неколку месеци во министерството. Моделот е активиран од 1 јули.
Луѓето кои работат треба да се наградат. Ваков модел се предлагаше пред 10 години, но не беше усвоен. Во нормите пишува која операција колку бодови носи.
д-р Кирил Лозанче.

Има масовно незадоволство на сите клиники. Но ова полесно им падна на вработените во приватното здравство. Впрочем кога ќе се видат листите на направени операции и интервенции јасно е зошто без проблем може да се исплати плата за сработеното, коментираат некои од нив.

„Навистина луѓето кои работат треба да се наградат. Ваков модел се предлагаше пред 10 години, но не беше усвоен. Во нормите пишува која операција колку бодови носи“, вели д-р Кирил Лозанче, кој сега работи во приватното здравство, а претходно работеше во Клиничкиот центар во Скопје.

Но на Синдикатот веќе сега му е познато дека, како што вели д-р Ставриќ, на Клинички центар нема лекар кој не ја исполнува основната норма. Според Синдикатот, потребен е модел за наградување, а не за казнување. Не се работи само за парите, туку и за третманот кој е вулгарен, вели Ставриќ.

„Апсолутно, пласманот на тезата дека лекарите се плашат е неточен. Лекарите ова и сами го бараат. Но во овој модел недостасуваат доста делови во критериумите со кои може да се цени нечија работа и во контролата на истото.“

Целата оваа ситуација е поради два фактори - страв од промената или недоволната информираност или намерна дезинформираност, рече неодамна министерот за здравство Никола Тодоров.