Проектот на власта за изградба на нова зграда на Клиничкиот центар за експертите не само што не е јасен, туку и не веруваат дека ќе се реализира. Министерот за здравство Никола Тодоров пред неколку дена изјави дека е објавен тендерот за изградбата на Центарот, кој треба да почне да се гради наредното лето и ќе чини околу 60 милиони евра.
Не е прв пат власта да ја промовира идејата во јавноста. Пред една ипол година Клиничкиот центар требаше да се гради во Бардовци, но од тоа не бидна ништо. Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека идејата на власта е несериозна, што е поткрепено со фактот дека здравството има се помалку пари.
„Ова е се од типот на ветерниците на Дон Кихот или конкретно на владата на Груевски. Гледате дека целата работа е пропадната, буџетот се реализира на три месеци, пари никаде нема, излегува Фондот се извинува на докторите, платите најверојатно ќе им ги намалат. И сега тој излегува со некаква инвестиција не знам каква. Прво нема ни анализи за потребите, за каде, како.“
За професорот и поранешен
директор на Фондот за здравствено осигурување Никола Пановски, проблематично е местото каде би се наоѓала новата зграда и од каде ќе се обезбедат парите. Според него, целта на власта со проектот е да им го пласира на граѓаните она што сакаат да го чујат, а потоа прашање е дали ќе навистина ќе стане реалност.
„Веројатно е за прво да се чуе, а потоа ќе се мисли дали ќе се гради и кога ќе се гради. Во секој случај ќе се почне нешто, ќе се цртаат проекти, а потоа може да се одлага или да се земе кредит. Убаво е да се гради, но резимирано мислам дека просторот не е приоритет во здравството во Македонија.“
Оровчанец смета дека власта сака само да го анимира народот.
„Тоа е само една пласирана вест да се добие темпо, да се добие во некоја трка која очиледно е изгубена. Здравството е веќе пропадната работа, ништо не го спасува. Тоа е анамирање на луѓето дека еве ќе се прави, пак, нешто, нема врска со реалноста.
Клиничкиот центар ќе се наоѓа на местото на старата зграда на Гинекологија и е во план да има 10 или 11 ката, а на покривот ќе биде изграден хелиодром. Сите клиники, освен Стоматологија, Инфективна и Детска ќе бидат сместени во новиот објект.
Ова е се од типот на ветерниците на Дон Кихот или конкретно на владата на Груевски. Гледате дека целата работа е пропадната, буџетот се реализира на три месеци, пари никаде нема, излегува Фондот се извинува на докторите, платите најверојатно ќе им ги намалат. И сега тој излегува со некаква инвестиција не знам каква. Прво нема ни анализи за потребите, за каде, како.Ѓорѓи Оровчанец, поранешен министер за здравство.
Не е прв пат власта да ја промовира идејата во јавноста. Пред една ипол година Клиничкиот центар требаше да се гради во Бардовци, но од тоа не бидна ништо. Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека идејата на власта е несериозна, што е поткрепено со фактот дека здравството има се помалку пари.
„Ова е се од типот на ветерниците на Дон Кихот или конкретно на владата на Груевски. Гледате дека целата работа е пропадната, буџетот се реализира на три месеци, пари никаде нема, излегува Фондот се извинува на докторите, платите најверојатно ќе им ги намалат. И сега тој излегува со некаква инвестиција не знам каква. Прво нема ни анализи за потребите, за каде, како.“
За професорот и поранешен
Веројатно е за прво да се чуе, а потоа ќе се мисли дали ќе се гради и кога ќе се гради. Во секој случај ќе се почне нешто, ќе се цртаат проекти, а потоа може да се одлага или да се земе кредит.Никола Пановски, поранешен директор на Фондот за здравство.