Електронските здравствени картички нема да им бидат од корист на граѓаните доколку тие се користат само за идентификација, велат упатените. Фондот за здравствено осигурување најави дека државните претпријатија и јавните институции ќе ги подигнат електронските здравствени картички до септември, а потоа на ред се приватните фирми и граѓаните.
Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец се сомнева дека електронските картички ќе ја исполнат целта, односно целото здравствено досие на пациентот да биде префрлено на нив.
„Така што, на секој контакт со лекар, на лекарот му е многу полесно затоа што има пристап до информации кои инаку ги нема. Дали е тоа така смислено, тоа е прашање. Јас мислам дека ова сега е само чисто идентификација, како лична карта, ништо друго.“
И поранешниот директор на фондот Никола Пановски вели дека електронските картички само на тој начин ќе можат да им помогнат на пациентите и на лекарите.
„Тоа е највисоко ниво, да може од картичката да го најдете човекот и да може од картичката да видите кој лек го примил последен пат, значи има такви во светот да видите што примил и која терапија ја прима, да дојде прва помош и да може веднаш да провери за што се работи, дали е отруен, дали има епилепсија итн., тогаш е многу корисно и за следење на лекарства и за се друго. Ако е само идентификација, замена на сините картони, нема многу да значи.“
Граѓаните велат дека во здравството има други проблеми кои треба да се решат, а не се задоволни и од тоа што картичките ќе се наплаќаат.
„Па треба да се решат многу проблеми, не се само картичките. Што корист ќе имаме кога се нема пари.“
„Богами тешко тоа да се прифати. Не е само на една картичка 250 денари, туку многу работи по 250 денари и платата наша толку е. Нема плата поголема од 12 илјади денари.“
„Не е добро мислам, тоа е на сметка на граѓаните.“
Електронската здравствена картичка вработените ќе ги чини 250 денари, а невработените 100 денари. Пановски додава дека трошоците за нивното издавање би требало да ги покрие Фондот за здравствено осигурување.
„Па нема првпат да биде да наплаќаат. Не би требало пациентите да го плаќаат тоа, би требало да го плаќа Фондот за здравствено осигурување.“
Електронската здравствена картичка, според фондот, во прв момент ќе значи укинување на сини картони, а потоа и на здравствената легитимација.
Тоа е највисоко ниво, да може од картичката да го најдете човекот и да може од картичката да видите кој лек го примил последен пат, значи има такви во светот да видите што примил и која терапија ја прима, да дојде прва помош и да може веднаш да провери за што се работи, дали е отруен, дали има епилепсија итн., тогаш е многу корисно и за следење на лекарства и за се друго. Ако е само идентификација, замена на сините картони, нема многу да значи.Никола Пановски, поранешен директор на Фондот за здравство.
Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец се сомнева дека електронските картички ќе ја исполнат целта, односно целото здравствено досие на пациентот да биде префрлено на нив.
„Така што, на секој контакт со лекар, на лекарот му е многу полесно затоа што има пристап до информации кои инаку ги нема. Дали е тоа така смислено, тоа е прашање. Јас мислам дека ова сега е само чисто идентификација, како лична карта, ништо друго.“
И поранешниот директор на фондот Никола Пановски вели дека електронските картички само на тој начин ќе можат да им помогнат на пациентите и на лекарите.
„Тоа е највисоко ниво, да може од картичката да го најдете човекот и да може од картичката да видите кој лек го примил последен пат, значи има такви во светот да видите што примил и која терапија ја прима, да дојде прва помош и да може веднаш да провери за што се работи, дали е отруен, дали има епилепсија итн., тогаш е многу корисно и за следење на лекарства и за се друго. Ако е само идентификација, замена на сините картони, нема многу да значи.“
Богами тешко тоа да се прифати. Не е само на една картичка 250 денари, туку многу работи по 250 денари и платата наша толку е. Нема плата поголема од 12 илјади денари.Анкетиран граѓанин.