Достапни линкови

Поевтини лекови или мачкање очи?


Фондот за здравство ја укина партиципацијата за нови 54 лекови и ја намали за дел од оние со доплата. Опозицијата реагира дека ова е само „мачкање очи“ за влошената состојба во здравството.

Фондот за здравствено осигурување утврди нови референтни цени за лекови кои паѓаат на товар на Фондот. Со оваа трета ревизија на листата се обезбедуваат 54 нови лекови кои порано имале доплата да се ослободат од плаќање и голем број лекови од останатите групи со повисока доплата сега да се набавуваат со намалена партиципација.
Тоа е битната слика. Сликата е дека лековите без доплата растат, а оние, пак, со доплата значително се намалуваат и тоа не само како бројка, туку и како скали на доплата.
Маја Парнаџиева Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување.

„Тоа е битната слика. Сликата е дека лековите без доплата растат, а оние, пак, со доплата значително се намалуваат и тоа не само како бројка, туку и како скали на доплата“, појаснува директорката на Фондот, Маја Парнаџиева Змејкова.
Маја Парнарџиева-Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување.
Маја Парнарџиева-Змејкова, директорка на Фондот за здравствено осигурување.

Се намали пакетот на услуги во однос на претходно, се намали квалитетот, се продолжи листата на чекање, оваа година има за 1,8 отсто поголема смртност во споредба со минатата година, така што сиромаштијата, лошото лечење, се заедно си го зема данокот, а ова е само мачкање очи за луѓето да мислат дека се им е обезбедено.
Ѓорѓи Оровчанец, поранешен министер за здравство.
Со новата ревизија повеќе нема лекови со доплата од 1000 до 2000 денари, а со доплата од над 3000 останува само еден лек од претходните 13. Еден од ефектите на ваквата тенденција е да се зголеми конкуренцијата и производителите да почнат да размислуваат за намалување на цените на своите лекови што, како што информираат од фондот, почнало и да се најавува.

Поранешниот министер за здравство Ѓорѓи Оровчанец вели дека трендот на намалување на цените на лековите е за поздравување и дека е општ бидејќи се случува и во пошироки рамки поради тоа што се повеќе на пациентите им се нудат лекови со поевтина цена, бидејќи го имаат истото генеричко потекло со оригиналот, но го немаат истиот квалитет и истите ефекти.

„Даваат генерика која е три пати поевтина и кога се лечите со некоја генерика некогаш сфаќате дека нема никаков ефект во лечењето за разлика од истиот тој лек кога е бренд. Ние купуваме најмногу генерики“, вели Оровчанец.

Тој инсистира на тоа да бидат земени предвид во целина условите кои им се нудат на пациентите и осигурениците во земјава кои, како што тврди, само упатуваат на влошено здравје и влошени услуги.

„Се намали пакетот на услуги во однос на претходно, се намали квалитетот, се продолжи листата на чекање, оваа година има за 1,8 отсто поголема смртност во споредба со минатата година, така што сиромаштијата, лошото лечење, се заедно си го зема данокот, а ова е само мачкање очи за луѓето да мислат дека се им е обезбедено“, вели Оровчанец.

Новите референтни цени на лековите треба да почнат да се применуваат од 1 јули или најдоцна 1 август, по добивањето согласност од министерот за здравство.
XS
SM
MD
LG