Патролирајте!

Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Се’ потрошија, 60 милиони евра за проект „компјутер за секое дете“ без притоа и да се направи најмала анализа каде, на кого и колку компјутери се навистина потребни.Тие пари можеа да бидат употребени да се направат проекти, да се тргнат младите од улиците. Да се формираат дневни центри и волонтерски активности кои во летниот период на младиот човек ќе му понудат да заработи некој ситен џепарлак, а од тоа целото општество ќе има бенефит, пишува за РСЕ Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.
Гледам сериозно си го сфатиле проектот мешани патроли. Таман залади, еве можност и родителите да прошетаат низ парк. Помладите често пати знаат на шега да прашаат „каде излегуваат твоите денес?“ Не знам само дали и зимно време ќе шетаат низ паркови или тогаш ќе треба да набават и зимска опрема? Ако има многу снег може да пробаат со хаски, санки и двоглед да заштедат на време, со цел да можат да опфатат поголем радиус на нивниот видокруг. Двоглед задолжително бидејќи нема живо пиле во парковите. Обично младите се дома во зимскиот период.
Проблемот е што времето се менува, технологијата е се позастапена, светот оди напред, а ние цупкаме во место. Сите организации кои досега ги имам посетено, а се занимаваат со „проблематичната младина“ знаат дека проблемот постои и пронаоѓаат решенија и програми за истито. Нашите ја открија Америка, младите пиеле, туф-туф, нигде на друго место во светот.

Е па ако се дома, ете одлична шанса да позборувате малку со нив. Верувам дека ќе треба помалку да патролирате во лето. А може и ќе научите каде излегува вашето дете, наместо да чекате полицијата да ви покаже. И не дека има којзнае каде да излегува еден малолетник, освен се разбира дискотеките и кафулињата до 12 часот, ама кој може да си дозволи. Деведест дена одмор од школо, без никакви обврски за станување и легнување. Ако треба секој ден да бара пари од дома за да купи нешто е тогаш тоа е проблем, тогаш може да се слушне реченицата „оди во парк жити се, само пари не барај“. Купи што сакаш од трафика. Се’ има и алкохол има. И за малолетници има.

Проблемите лесно се откриваат и без било какви контроли и патроли, а проблемите очигледно не се кај младите. Сите сме биле тинејџери и забранетото отсекогаш било најслатко, па израснале генерации и генерации по истиот „шаблон“. Проблемот е што времето се менува, технологијата е се позастапена, светот оди напред, а ние цупкаме во место. Сите организации кои досега ги имам посетено, а се занимаваат со „проблематичната младина“ знаат дека проблемот постои и пронаоѓаат решенија и програми за истиот. Нашите ја открија Америка, младите пиеле, туф-туф, нигде на друго место во светот. Ама како никаде на друго место, кај нас е оставена младината сама да истражува и да се бори со предизвиците на животот.

Останаа само училиштата како единствено место за стекнување со онака задолжителното образование. Се’ потрошија, 60 милиони евра за проект „компјутер за секое дете“ без притоа и да се направи најмала анализа каде, на кого и колку компјутери се навистина потребни.
Од кога е ВМРО ДПМНЕ на власт, преку „прочистувањето“ на македонскиот идентитет како чисто античко македонски, бевме сведоци на незапаметено насилство помеѓу малолетниците проследено со инциденти на Скопското кале, палење знамиња и ред други инциденти каде што беа искористени и навивачките групи.

Тие пари можеа да бидат употребени да се направат проекти, да се тргнат младите од улиците. Да се формираат дневни центри и волонтерски активности кои во летниот период на младиот човек ќе му понудат да заработи некој ситен џепарлак, а од тоа целото општество ќе има бенефит.

Од кога е ВМРО ДПМНЕ на власт, преку „прочистувањето“ на македонскиот идентитет како чисто античко македонски, бевме сведоци на незапаметено насилство помеѓу малолетниците проследено со инциденти на Скопското кале, палење знамиња и ред други инциденти каде што беа искористени и навивачките групи.

Треба да бидеме искрени и да признаеме дека младите живеат онака како што им налагаат условите во општеството. А за креирањето на иднината младите никој не ги прашува. Сакаат или не, ќе играат по правилата на власта. И бидејќи ја закопаа иднинаата на младите предлагам да им направиме мешани патроли. По еден инспектор од меѓународната заедница, плус преставници од средни школи, па да видиме што прават министрите и пратениците од власта кои и онака се однесуваат како средношколци во парк, ги трошат парите на непотребни работи и седат на клупи.