Од каде толкава недоверба во Владата и Парламентот?

Недовербата на македонските граѓани во Владата и во Парламентот е рефлексија на нивниот став за сегашноста, велат аналитичарите.
Според политичките аналитичари најновите резултати од анкетата на Евробарометар според која 67 проценти од македонските граѓани не и веруваат на Владата, а 69 на парламентот, се рефлексија на нивниот став за сегашноста. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека бројките се песимистички, но за него не се изненадување.
Влада која својата работа си ја велича исклучиво преку празни кампањи, празни реклами, навистина ништо не направила. Народот сака резултатите да ги види на улица, а не на телевизија,

Соња Стојадиновиќ, политиколог.


„Имаме зголемени цени, зголемено осиромашување на граѓаните, невработеноста не е во некој пад, па да имаме поголема група на вработени кои би имале пооптимистички визии...Зголемената недоверба во парламентот, е позицијата кој тој сам си ја создаде. Од осамостојувањето, па наваму, посебно последните години се претвори во гласачка машинерија на Владата,“ вели Муслиу.

Премиерот Никола Груевски.


Дека резултатите на последното истражување на оваа европска институција се реални и алармантни се согласува и политикологот Соња Стојадиновиќ. Евробарометар е нашата болна реалност, таа е одраз на гневниот македонски граѓанин, вели таа.
Зголемениот притисок врз граѓаните преку кампањите има одреден ефект, тоа не е нешто ново, тоа во континуитет продолжува, но истиот не може да трае повеќе од неколку години.
Алберт Муслиу, политички аналитичар.

„Влада која својата работа си ја велича исклучиво преку празни кампањи, празни реклами, навистина ништо не направила. Народот сака резултатите да ги види на улица, а не на телевизија“, вели Стојадиновиќ.
.


Дали реалноста е онаква каква што ја покажуваат процентите во спроведената анкета на Евробарометар или каква што ни ја претставува владината рекламна кампања? Притисокот кој Владата го прави преку реклами има одреден ефект, но истиот не може да биде долгорочен.

„Зголемениот притисок врз граѓаните преку кампањите има одреден ефект, тоа не е нешто ново, тоа во континуитет продолжува, но истиот не може да трае повеќе од неколку години“, изјави Муслиу.

И додека нашите политичари не уверуваат дека ситуацијата и не е толку лоша, треба да не загрижи фактот што некој од надвор ни ја прикажува грдата слика за состојбите дома, вели Стојадиновиќ.

„Некој од страна ни кажува и секогаш од страна ни кажуваат дека нас ни е лошо, додека нашите политичари не уверуваат дека нас ни е добро. Тоа е уште поголема трагедија за нас“, заклучува Стојадиновиќ

И додека анкетата покажува голем процент на недоверба кон Владата, парламентот и партиите, како и висок процент на граѓани од 49 насто кои сметаат дека државата не се движи во правилна насока, дел од провладините медиуми соопштија дека истражувањето на Евробарометар покажува дека мнозинството Македонци генерално се задоволни од животот што го имаат во моментот.