Најновите светски бестселери за албанската читателска публика во Македнија се недостапни. Треба да ги набават или од Тирана или од Приштина.
Албанските издавачи на книги во Македонија се жалат дека од страна на државата не се одвојуваат доволно пари за албанската книга. Претседателот на Сојузот на албански издавачи Севим Мамети вели дека голем број светски наслови засега се недостапни за Албанците во Македонија, затоа што останувале непреведени на албански јазик.
„Немаме поддршка од Министерството за култура кое не дава пари за големите наслови, но има пари за многу други работи како што се спомениците кои не се во интерес на издаваштвото во Македонија. Многу малку се финансира книгата. Јас не би ја окривувал министерката за култура. Јас ги окривувам албанските претставници во министерството за култура и албанските партии кои не го бараат својот дел“ вели Севим Мамети, претседател на Сојузот на албански издавачи.
Албанската читателска публика во Македонија, доколку сака да прочита некој најнов светски наслов, ќе мора книгата да ја набави од Тирана или Приштина, вели Мамети, според кого, Министерството за култура за албанската книга годинава одвоило околу 7 милиони денари.
„Едноставно така е. Во Тирана се преведуваат и ги има сите бестселери таму. Зошто ние во Македонија да ги немаме. Зошто јас да повикувам издавачи од Албанија, кога ние можеме истите книги да ги издаваме и преведуваме и во Македонија“, вели Мамети.
Тој вели дека Македонија треба да го следи примерот на Словенија и Хрватска каде најмалку 1 отсто од државниот буџет се одвојувало за подршка на книгата. За одржување на караванот на албанската книга кој заврши неодамна вели дека од Министерството за култура биле одвоени само 160.000 денари, недоволни за одржување на една ваква манифестација која од година во година добивала на значење.
Во Македонија има 24 издавачки куќи на албански јазик кои опстојуваат на стаклени нозе.
Не е точно дека не ги поддржуваме албанските издавачи, велат од Министерството за култура. Пари се доделуваат во зависност од понудените проекти, на кој секој може да конкурира на конкурсот за проекти од национален интерес. Се доделуваат средства за одржување и на саемот на албанската книга.
Немаме поддршка од Министерството за култура кое не дава пари за големите наслови, но има пари за многу други работи како што се спомениците кои не се во интерес на издаваштвото во Македонија. Многу малку се финансира книгата. Јас не би ја окривувал министерката за култура. Јас ги окривувам албанските претставници во министерството за култура и албанските партии кои не го бараат својот дел.Севим Мамети, претседател на Сојузот на албански издавачи.