Некогашниот клуб „Брег на младоста“, благодарение на неколку поранешни акцијаши повторно почна да функционира. За почеток се размислува да се организира еколошка работна акција која би траела неколку дена, а во иднина и поголеми меѓународни кампови.
Охрид е првиот град во Македонија од каде започнува идејата за враќање на работните акции кои се синоним за едно убаво време. Некогашниот акцијашки клуб „Брег на младоста“ благодарение на неколку поранешни акцијаши повторно почна да функционира. На неговото формирање во Охрид присуствуваа и десеттина акцијаши од поранешните ју Републики каде неколку години веќе функционираат слични вакви клубови.
Претседателот на клубот Зоран Стевоски вели дека благодарение на тие работни акции во Охрид се изградени неколку капитални објекти помеѓу кои и дел од патот Охрид-Ресен.
„Ископините на Амфитеатарот во Охрид се започнаа со младинската работна акција „Брег на младоста“ во 1984 година, водоводот Метролол Охрид го градеа исто така акцијаши од цела Југославија. 36 бригади учествуваа во тие две години овде во Охрид. Сериозно размислуваме да ја започнеме таа работна акција овде во Охрид и да повикаме луѓе од сите бивши Ју Републики и да започнеме онаму и каде што завршивме во населбата која ја викавме „Брег на младоста“, а која се наоѓа кај Младинскиот рекреативен центар во Воска“, вели Стевоски.
Милорад Џорџевиќ е учесник на 8 работни акции и е претседател на здружение на поранешни акцијаши од Белград. Радован Валентиќ е поранешен акцијаш од Белград. Велат дека организирањето во Србија оди тешко поради влијанието на политичарите.
„Ние во Белград веќе две години во октомври органиираме собир на поранешни акцијаши. Доаѓаат повеќе од 150 луѓе од сите краеви на поранешна Југославија. Не е лесно со оглед на тоа дека бегаме од политиката, не сакаме политиката да биде дел од нас. Знаете дека онаму каде политиката се меша нема резултати“, вели Џорџевиќ.
„Кај нас сето ова оди многу тешко. Слабо се одвојуваат пари за младите. Тие не ја ангажираат младината, освен кога треба да се лепат плакати за избори. А младината може многу да направи како што тоа и го правеше“, вели Валентиќ.
Сараевчаенцот Сенад Мемиќ вели дека во 1984 година бил на работна акција во Охрид.
„Малку им е чудно на политичарите на овие простори да им објаснуваме дека треба да се врати доброволната работа. Не може младите само од спорт да научат некои работи. Јас со 20 години водев 50 млади луѓе на акција во Словенија, а со 22 во Охрид“.
Присутен беше и еден од малкуте живи учесници на втората по ред работна акција во некогашната СФРЈ, 86 годишниот Васко Паскали, кој во 1947 година учествувал во изградбата на железничката пруга Сараево – Шамац. Тогаш имал само 18 години.
„Јас бев прв од Охрид. Акцијата беше во мај и јуни 1947 година. Јас тогаш бев болен. Се вратив од војска. Јас не отидов на преглед за де не ме вратат назад. Тито кога беше да ја види пругата јас бев делегат од тука“, вели чичко Паскали.
Минатата година во Врњачка Бања беше организирана првата посериозна работна акција налик на поранешните, на која учествуваа 5 бригади од Србија, Босна и Македонија. Акцијата траеше еден месец.
За почеток во Охрид се размислува да се организира еколошка работна акција која би траела неколку дена, а во иднина и поголеми меѓународни кампови. Инаку здружението ќе се залага пред се за ширење на волонтеризмот, како и за помагање на пошироката заедница. На неговото формирање во Охрид присуствуваа и голем број млади луѓе.
Ископините на Амфитеатарот во Охрид се започна со младинската работна акција „Брег на младоста“ во 1984 година, водоводот Метролол Охрид го градеа исто така акцијаши од цела Југославија. 36 бригади учествуваа во тие две години овде во Охрид. Сериозно размислуваме да ја започнеме таа работна акција овде во Охрид и да повикаме луѓе од сите бивши Ју Републики и да започнеме онаму и каде што завршивме.Зоран Стевоски, Клуб за работни акции „Брег на младоста“.
Претседателот на клубот Зоран Стевоски вели дека благодарение на тие работни акции во Охрид се изградени неколку капитални објекти помеѓу кои и дел од патот Охрид-Ресен.
„Ископините на Амфитеатарот во Охрид се започнаа со младинската работна акција „Брег на младоста“ во 1984 година, водоводот Метролол Охрид го градеа исто така акцијаши од цела Југославија. 36 бригади учествуваа во тие две години овде во Охрид. Сериозно размислуваме да ја започнеме таа работна акција овде во Охрид и да повикаме луѓе од сите бивши Ју Републики и да започнеме онаму и каде што завршивме во населбата која ја викавме „Брег на младоста“, а која се наоѓа кај Младинскиот рекреативен центар во Воска“, вели Стевоски.
Милорад Џорџевиќ е учесник на 8 работни акции и е претседател на здружение на поранешни акцијаши од Белград. Радован Валентиќ е поранешен акцијаш од Белград. Велат дека организирањето во Србија оди тешко поради влијанието на политичарите.
Јас бев прв од Охрид. Акцијата беше во мај и јуни 1947 година. Јас тогаш бев болен. Се вратив од војска. Јас не отидов на преглед за де не ме вратат назад. Тито кога беше да ја види пругата јас бев делегат од тука.Васко Паскали, учесник на втората по ред работна акција во некогашната СФРЈ.