Ерата на Југославија беше единствениот период во кој Западен Балкан беше автономен, се наведува во анализата на Стратфор во која се додава дека Австрија, Турција и Русија, иако не толку активно како за време на нивната империјална фаза, сепак го дизајнираат регионот според нивните интереси.
Во Западен Балкан отсекогаш имало вакуум на моќ што го исполнувале големите сили или империи. По падот на Австроунгарската и на Отоманската империја, регионот беше под контрола на Југославија, доминирана од Србија. Дваесет години по нејзиниот рапад, земјите од Западен Балкан, Србија, Хрватска, Словенија, Босна, Македонија, Црна Гора и Косово му се вратија на традиционалниот модел да бидат обликувани од странските сили, односно Западот, Турција и Русија.
Најважната водечка сила во геополитиката е нацијата, без оглед дали под тоа се подразбира и нација држава, се наведува во анализата на Стратфор во која се објаснува: Европскиот граничен појас во кој спаѓаат Централна и Источна Европа, како и Балканот е составен од повеќе помали нации отколку Западна Европа.
Немањето излез на море и природни бариери спречи појава на силни држави во регионот, а тоа ја отвори можноста за доминација на странските сили во овие региони.
Во Западен Балкан традиционално тоа се Австрија, Турција и Русија кои, иако не се толку активни како во време на нивната империјална фаза, сепак го дизајнираат регионот според нивните интереси. Овие три земји особено се активни во економската сфера: Австрија држи силно банкарско присуство, Русија е активна во енергетскиот сектор, а Турција е еден од најголемите трговски и инвестициски партнери на Балканот.
Финансиските и економски интереси на оваа тројка ќе продолжат да се вкрстуваат во регионот, како што беше со векови.
Во изминативе 20 години, Европа беше преобликувана со проширувањето на институциите од Студената војна, односно Европската унија и НАТО и вклучувањето на земјите од Варшавскиот пакт и од Движењето на неврзаните, се оценува во анализата на Стратфор во која се наведува дека и покрај тоа што технички се дел од Балканот, Словенија и Хрватска повеќе се свртени кон нивните западни соседи отколку кон Србија или Македонија.
Иако изразува желба за потесна соработка со Европа, Србија и натаму со едно око е свртена кон Русија. Од друга страна, Европската унија не брза со српското приближување.
Србија останува најмоќна воена сила во Западен Балкан, но таа е опкружена со Хрватска и Албанија која се членки на НАТО. Затоа, како што се додава, на краток и среден рок не е можна некаква воена акција иницирана од Србија.
Можноста за нестабилност и за конфликт од помал обем останува и натаму во регионот, особено на Косово. Но, степенот до кој ќе ескалира таквиот мал конфликт помалку ќе зависи од Србија отколку од странските сили кои имаат интереси во Србија и во Западен Балкан.
Конечно, регионот не е детерминиран од Србија, туку од „потегни повлечи“ политиката на надворешните сили.
Во секој граничен појас, надворешното е примарно. Во моментов најголемо влијание во регионот има Европската унија. Деценија пред тоа НАТО. Пред Алијансата тоа беше американско-советската конфронтација, а пред тоа Австрија, Турција и Русија.
Западниот Балкан е регион што не се моделира сам. Ерата на Југославија беше единствениот период во кој Западен Балкан беше автономен. Автономијата беше наметната како неутрална зона меѓу двата блока во Студената војна, но внатрешната динамика беше обликувана од Србија.
По 1991, Србија веќе не е таа која го моделира регионот. Затоа како и другите земји од европскиот граничен појас, регионот повеќе ќе биде обликуван од странските сили отколку од внатрешната динамика.
На Западен Балкан не може да се гледа како на самостојна геополитичка сфера, туку како на граничен појас обликуван од странските сили, се наведува во анализата на Стратфор.