Во Кабул се отвори интернет кафе резервирано само за жени. Тоа е единствена шанса за обичните авганистански жени да се поврзат со светот, а притоа да бидат подалеку од очите на мажите.
Десетици забулени девојки секој ден го посетуваат Сахар Ѓул кафе во Кабул, првото интернет кафе во Авганистан само за жени. Опремено со повеќе од десетина лап-топ компјутери и библиотека, скромното кафуле им дава можност на авганистанските жени да учат и да се дружат без да бидат под лупа на мажите.
Отворањето на првото интерент кафе во Кабул е од голема важност за таа земја, бидејќи таму жените и понатаму се соочуваат со огромни пречки во обезбедувањето на нивните права, иако поминаа речиси 11 години откако американските сили го протераа талибанскиот режим од Кабул.
Хомијра Бакши, членка на авганистанската група активисти „Млади жени за промени“, го отвори интернет кафето. Таа вели дека Сахар Ѓул кафе сега е прибежиште за жените во земјата.
„Направивме во оваа интернет кафе кога доаѓаат младите жени и девојки да се чувствуваат опуштено и безбедно. Им овозможивме кога доаѓаат тука да можат да ја завршат својата работа, да бидат среќни и да не се судруваат со никакви проблеми.“
Бакши вели дека морале да бараат донации и од домашни и до странски добротоворни организации за да го отворат интернет кафето. Еден час користење на услугите во кафето чини еден долар, што е значително помалку од другите интернет кафеа во Кабул.
Со ѕидови исцртани со спреј во светли бои и со логото на Фејсбук и Јаху, кафето беше отворено во март годинава на Меѓународниот ден на жената. Местото е именувано по 15 годишната авганистанска невестата, кој беше затворена и брутално малтретирана од нејзиниот сопруг, затоа што одбила да стане проститутка.
Мариам Норани е студентка на Универзитетот Кабул и чест посетител на кафето. Таа вели дека и се одава почит на издржливоста и храброста на Сахар Ѓул со тоа што кафето го носи нејзиното име
„Сахар Ѓул беше девојка која ја претрпеле. Таа помина низ многу лоши работи и ние би сакале да ја поддржиме. Затоа јас секогаш доаѓам во Сахар Ѓул кафе. Со нетрпение очекувам и други интернет кафулиња да се отворат во другите населби.“
Норани вели дека иако има жени кои можат да уживаат во слободите во внатрешноста на интернет кафето, сепак има многу други како Сахар Ѓул кои живеат тежок живот во земјата каде што домашното насилство е рутина, присилните бракови норма, а стапката на жени самоубијци е меѓу највисоката во светот.
Во изминатата деценија, жените направија значителен напредок во авганистанското општество, се вратија во училиште, работат, вклучени се во политиката. Но сега жените се плашат дека ќе изгубат многу од нивните права откако ќе си заминат меѓународните сили во 2014-та.
Студентката Фарида очекува дека ситуацијата за авганистанските жени ќе се влоши значително по 2014 година. Таа предвидува дека жените ќе се соочат со обновување на ограничувањата карактеристични за Талибанскито режим, како ограничена слобода на движење, пристап до работа и очекува правата да им се намалат, а насилствтоо врз жените да се зголеми.
„Според мое мислење, заминувањето на меѓународните сили ќе донесе многу штета на жените. Сега кога тие се тука жените се заштитени. Но, во 2014 година, кога тие ќе заминат, жените ќе изгубат сè. “
Ноарани пак вели дека жените можат и ќе ги зачуваат правата и се што направиле и по 2014-та.
Направивме во оваа интернет кафе кога доаѓаат младите жени и девојки да се чувствуваат опуштено и безбедно. Им овозможивме кога доаѓаат тука да можат да ја завршат својата работа, да бидат среќни и да не се судруваат со никакви проблеми.Хомијра Бакши, „Млади жени за промени“.
Отворањето на првото интерент кафе во Кабул е од голема важност за таа земја, бидејќи таму жените и понатаму се соочуваат со огромни пречки во обезбедувањето на нивните права, иако поминаа речиси 11 години откако американските сили го протераа талибанскиот режим од Кабул.
Хомијра Бакши, членка на авганистанската група активисти „Млади жени за промени“, го отвори интернет кафето. Таа вели дека Сахар Ѓул кафе сега е прибежиште за жените во земјата.
„Направивме во оваа интернет кафе кога доаѓаат младите жени и девојки да се чувствуваат опуштено и безбедно. Им овозможивме кога доаѓаат тука да можат да ја завршат својата работа, да бидат среќни и да не се судруваат со никакви проблеми.“
Сахар Ѓул беше девојка која ја претрпеле. Таа помина низ многу лоши работи и ние би сакале да ја поддржиме. Затоа јас секогаш доаѓам во Сахар Ѓул кафе. Со нетрпение очекувам и други интернет кафулиња да се отворат во другите населби.Мариам Норани, студентка.
Бакши вели дека морале да бараат донации и од домашни и до странски добротоворни организации за да го отворат интернет кафето. Еден час користење на услугите во кафето чини еден долар, што е значително помалку од другите интернет кафеа во Кабул.
Со ѕидови исцртани со спреј во светли бои и со логото на Фејсбук и Јаху, кафето беше отворено во март годинава на Меѓународниот ден на жената. Местото е именувано по 15 годишната авганистанска невестата, кој беше затворена и брутално малтретирана од нејзиниот сопруг, затоа што одбила да стане проститутка.
Мариам Норани е студентка на Универзитетот Кабул и чест посетител на кафето. Таа вели дека и се одава почит на издржливоста и храброста на Сахар Ѓул со тоа што кафето го носи нејзиното име
Според мое мислење, заминувањето на меѓународните сили ќе донесе многу штета на жените. Сега кога тие се тука жените се заштитени. Но, во 2014 година, кога тие ќе заминат, жените ќе изгубат сè.Фарида, студентка.