Со изложби на фотографии, ракотворби и старини и, пред се, со настапи на европски групи кој ја негуваат етно и светската музика, од 19 до 22 јули, во Битола ќе се одржи шестото издание на „Локум фест“.
Првично замислен како етно или фестивал на светска музика, „Локум фест“ во изминативе пет години израсна во манифестација чија крајна цел е заживување на Старата битолска чаршија како важен културно-историски споменик од османлискиот период и простор на кој се вкрстувале различните култури и етноси. Името на случувањето е земено од стариот трговски еснафски обичај и на граѓаните во Битола со локум и со кафе да се почести комшијата и добронамерникот.
Тодор Ивановски, основачот на „Локум фест“, вели дека користејќи ја балканската звуковност со акцент на чалгијата и она што е популарно во глобални рамки – светската музика, тие како организатори на отворените сцени во Чаршијата ги претставуваат најзначајните домашните и европските музичари. Како пример за тоа, од годините наназад, ги наведува извонредните перформанси на Вања Лазарова, „Љубојна“, „Баклава“, Јаков Дренковски, „Оригинал Кочани оркестар“, „Никола Јорданов трио“ од Бугарија, „Басар Екбери бенд“ од Египет и други. Ивановски дополнува дека вообичаено амбиентот бива збогатуван со уникатните производи на македонските ракотворци, а за своите сограѓани истакнува дека по практика се мотивирани да ги извадат на виделина скриените предмети, писма, фотографии, парчиња мебел, поврзани со конзулскиот период и така да го доловат времето кога Битола, најмногу заради различните култури кои опстојувале во неа, не случајно била именувана како „Ерусалим на Истокот“.
„Локум фест во оваа шеста година, бидејќи е дефиниран, прво во срцата на оние кои живеат и работат во Чаршијата, на битолчани и воопшто на луѓето во Македонија како фестивал на луѓе, да им направи ќеф, да се почестат со локум и кафе и да доживеат еден поинаков ден во Чаршијата“, вели Ивановски.
Како увертира во шестото издание на „Локум фест“, кое, пак, се одржува во рамките на седмиот БИТ ФЕСТ, планирани се изложбата на фотографија „Занаетчиството во Битола“ и чалгиската вечер, а потем во деновите од викендот, на Широк сокак и во Старата чаршија, се очекуваат настапите на пејачкото друштво „Сирма војвода“, групата „Кинес кабали“ од Данска која свири македонска традиционална музика, „Истанбул колектив“ од Турција, „Ортодокс келтс“ од соседна Србија, Шпанците „Офир“ чиј проект работен во соработка со Еврејската заедница во Република Македонија е насловен „Сефардско патување од Мадрид до Манастир“ и домашните „Старовски бенд“.
Дејан Спасовиќ вели дека ним, иако со години наназад музицираат, ова ќе им биде прв настап на манифестацијата и воопшто во Битола.
„Мотото на Локум фест во голем дел се поклопува и со мотото на Старовски, значи спојот на традицијата со современите текови, така што мислам дека ќе биде прекрасна можност и за нас и за публиката да направиме еден убав настан.“
Инаку, организаторите на манифестацијата што се одржува под покровителство на локалната самоуправа, веќе ја проектираат и програмата за наредното седмо издание што ќе се одржи догодина и за кое Ивановски вели дека ќе изобилува со неколку звучни имиња од европската музичка сцена.
Локум фест во оваа шеста година, бидејќи е дефиниран, прво во срцата на оние кои живеат и работат во Чаршијата, на битолчани и воопшто на луѓето во Македонија како фестивал на луѓе, да им направи ќеф, да се почестат со локум и кафе и да доживеат еден поинаков ден во Чаршијата.Тодор Ивановски, основач на „Локум фест“.
Мотото на Локум фест во голем дел се поклопува и со мотото на Старовски, значи спојот на традицијата со современите текови, така што мислам дека ќе биде прекрасна можност и за нас и за публиката да направиме еден убав настан.Дејан Спасовиќ, Старовски бенд.