Светската криза - изговор за домашната сиромаштија

За сиромаштијата и за невработеноста власта бара изговор во светската економска криза, а кога треба да троши за споменици се фали дека нема криза, обвинува опозицијата.
Економската криза е виновна за сите проблеми за кои владата не може да најде решение, иронично забележува опозицијата. Па така, премиерот Никола Груевски кризата ја користи како оправдание за стапката на сиромаштија, која во изминатите десет години е на истото ниво и изнесува третина од населението. Според него, добро е и што бројката на сиромашни не се зголемила.
Не е добро, народот е многу сиромашен, мали пензии, мали плати, голема невработеност.
Анкетиран граѓанин.

Граѓаните велат дека од ден на ден се потешко се живее. Сметките се сè повисоки, а пари има сè помалку.

„Не е добро, народот е многу сиромашен, мали пензии, мали плати, голема невработеност.“

„Македонија е во многу незавидна состојба, со еден збор тешко.“
Постојано повторуваат дека Европа се наоѓа во криза, во должничка криза и дека она што ни се случува, немањето инвестиции и нови вработувања се практично последица на кризата. Оној момент кога треба безобразно да се трошат пари, тогаш не се споменува во каква криза сме, тогаш имаме пари, тогаш не сме задолжени, значи се користи наменски. Тоа е класично замајување на народот дека или е виновна опозицијата за време на своето владеење или економската криза е виновна за состојбата во која се наоѓаме, само Груевски не е виновен апсолутно за ништо.
Соња Мираковска, НСДП.

„Нема, не стига, само со сметките се расправаме цел живот, вака не се живее.“

Соња Мираковска од НСДП вели дека секогаш кога владата треба да се оправда за нешто, постојно повторува дека Европа е во економска криза и ја користи како изговор за немањето на инвестиции и нови вработувања.

„Постојано повторуваат дека Европа се наоѓа во криза, во должничка криза и дека она што ни се случува, немањето инвестиции и нови вработувања се практично последица на кризата. Оној момент кога треба безобразно да се трошат пари, тогаш не се споменува во каква криза сме, тогаш имаме пари, тогаш не сме задолжени, значи се користи наменски. Тоа е класично замајување на народот дека или е виновна опозицијата за време на своето владеење или економската криза е виновна за состојбата во која се наоѓаме, само Груевски не е виновен апсолутно за ништо.“

Марјанчо Николов од СДСМ вели дека кога бројките коишто треба да ги потврдат политиките на владата ќе излезат во јавноста и со нив се демантира успешноста на нивните проекти одговорноста ја бараат во кризата.

„Фактички се вртиме во еден затворен круг во којшто владата повеќе се грижи како да најде оправдание за неуспехот на политиките отколку да се потруди да најде решение за проблемите.“

Роза Топузова Каревска од ЛДП вели дека е неодговорно од страна на владата да ја посочува кризата како виновник за сиромаштијата и не смее така да ги лаже граѓаните кои и ја дале довербата.

„Стапката на сиромаштија е загрижувачка и владата, наместо да бара внатрешни и надворешни непријатели и виновници, да си преземе мерки да го подобри животниот стандард, а на најзагрозените категории да им помогне со вистински мерки, а не со популистички.“

Половина од сиромашните граѓани во Македонија се невработени, а околу 31 насто од нив имаат завршено високо или вишо образование.